23 март – Час за нашата планета
Сиднеј е првиот што ја започна кампањата „Час за нашата планета“ во 2007. година, а се очекува над седум илјади градови од 152 земји во светот да учествуваат оваа година. Во периодот од 20:30 до 21:30 часот во градовите се гаснат светлата и декорациите од светлечките реклами. Акцијата е организирана од Светскиот фонд за природата, а да се привлече вниманието на прекумерната потрошувачка на оскудни природни ресурси, во мрак за еден час ќе останат најпознатите градби во светот, од Бакингамската палата и Биг Бен во Лондон, преку Триумфалната порта во Париз сè до Кинескиот ѕид. Минатата година, астронаутите од меѓународната вселенска станица го набудувале и фотографирале згаснувањето на светлината ширум светот.
22 април – Светски ден на планетата Земја
Денот на планетата Земја се слави во 175 земји низ целиот свет, а во некои земји цела недела е посветена за подигање на свеста и чување на нашата планета. Опасностите и проблемите што ја загрозуваат нашата планета денес се многу поголеми отколку што биле пред 41 година кога започнало одбележувањето на овој ден, а должност на секоја индивидуа е да придонесе Земјата да биде почиста и поубава.
09.05 – Светски ден на птиците
Покрај зачувувањето на животната средина, од суштинско значење е да го зачуваме и растителниот и животинскиот свет, а алармантни податоци се дека меѓу 50 и 150 различни видови умираат секој ден.
17 мај – Ден на рециклирање
Користењето на биоразградливи наместо пластични кеси или производи направени од рециклиран материјал го намалува загадувањето и спречува понатамошно оштетување на животната средина. Сепак, електронскиот отпад, кој секојдневно се зголемува, е многу поголема закана. Поради ова, со рециклирање, наместо со фрлање стари телевизори, компјутери, мобилни телефони и други уреди, се намалува количината на опасен, токсичен отпад, со што ќе сочуваме планетата Земја за следните генерации.
Продолжува на страна 2
05 јуни – Светски ден на заштита на животната средина
Светскиот ден на заштита на животната средина се одбележува уште од 1972. година со цел да се подигне свеста дека секој од нас е одговорен за состојбата на животната средина, како во нашето опкружување, така и на глобално ниво. За одбележување на овој многу важен датум одговорна е Програмата на Обединетите нации, а повеќе информации се достапни на www.unep.org.
Продолжува на страна 3


















