08 јуни – Светски ден на океаните
Иако овој датум неофицијално се одбележува од 1992. година, ООН го вклучиле во својот официјален календар дури во 2008. година, па може да се каже дека ова е еден од најмладите празници кога станува збор за датумите кои се важни за планетата Земја. Океаните се многу важни заради богатиот животински свет, морските плодови, како мрежа на меѓународната трговија и заради своите бесценети убавини. Сепак, поради глобалното загадување и прекумерниот риболов, популацијата на повеќето видови е драстично намалена.
15 јуни – Светски ден на ветрот
Денот на ветрот се слави во околу 40 земји низ целиот свет, а за прв пат во Европа 2007. година, за да стане глобален настан две години подоцна. Можете да дознаете повеќе за овој настан на www.globalwindday.org.
17 јуни – Светски ден против сушата и поплавите
Поплавите и сушите ја загрозуваат планетата, а со климатските промени во иднина ќе има почести појави на поплави и суши, додека последиците ќе бидат далекусежни. Според светските истражувања, како резултат на забрзувањето на циклусот на циркулација на водата во текот на следните неколку децении, веројатно е дека ќе има сушење и претворање во пустини на досегашните земјоделски региони, или нивно постојано поплавување. Затоа, на овој ден се организираат различни активности за да се привлече вниманието на алармантноста на проблемот, во колку не се преземат превентивни мерки.
26 јуни – Меѓународен ден за зачувување на тропските шуми
Денес има многу малку тропски шуми во светот, а најзастапени се во Бразил. Во оваа јужноамериканска земја, има скоро третина од вкупниот број на дождовните шуми колку што ги има во светот, и тоа најмногу во регионот Амазон. Тропските шуми се од големо значење заради нивната биолошка разновидност, извор на лековити растенија, високи приноси на храна, но сепак тие зафаќаат само 5% од светската површина, додека некогаш имало двојно повеќ.
11 јули – Светски ден на населението
Една од целите кон кој се стреми меѓу останатото и со одбележувањето на Меѓународниот ден на населението е подигање на свеста за важноста на репродуктивното здравје, кое влијае на милиони животи годишно. Од 1989. година, на овој ден се организираат кампањи и активности за поттикнување планирање на семејство и неопходно образование за мерките на претпазливост, со цел да се обезбеди посакувана бременост, секое породување да е сигурно и животот на сите да е безбеден. Повеќе за ова и другите предизвици со кои се соочуваме на www.unfpa.org.
Продолжува на страна 4


















