Научниците од Универзитетот на Валенсија проценијаколку време е потребно да се изложуваме на сонце, за да добиеме потребната дневна доза на витамин D, објави “Дејли мејл”.
Просечниот човек – со кожа тип III, треба да се изложува на директна сончева светлина не повеќе од 29 минути во јули. Во јануари, сепак за истиот тип на кожа се потребни 150 минути дневно за да може да се синтетиза потребното количество витамин D.
Затоа во зима и есен овој витамин се набавува главно со храната. Витамин D има во црниот дроб, јајца, црвеното месо и мрсната риба. Сите оние кои не јадат доволно од оваа храна е добро да го земат витаминот D со додатоци во исхраната.
Овој витамин е многу важен за цврстината на коските, забите и мускулите. Таа ги заштитува од инфекции и од грип дишните патишта.