Оџата Шахини со својата семејна загуба ја менува свеста на населението за Ковид 19

548

Расте бројот на заразени и починати од ковид-19 во кумановско. Во моментов ново жариштето е Липково.

Голема улога во менувањето на свеста на населението во моментов игра оџата Абдулфета Шахини.

Токму неговата мајка е една од жртвите на ковид-19 од овој крај. Шахини вели дека мајка му се заразила на погреб кај блиски роднини, а за првите симптоми мислеле дека се последица на замор, пренесува 360 степени.мк.

“Во понеделник и вторник прими две инфузии како терапија, во среда ја однесовме во болницата во Куманово каде и ја задржаа и видоа дека и се намалува кислородот. Утредента не не информираа, но кога отидов да прашам за нејзината состојба, ми рекоа дека ја испратиле во болницата „8 Септември“ во Скопје. Десет дена беше таму. Во четврток, тој ден, и е направен тестот и излезе позитивна на ковид-19. И така 10 дена престојуваше во болница во Скопје во „8 Септември“ до 1 јуни, понеделник. Во 9 часот не известија дека почина”, вели Шахини.

Смртта на неговата мајката за Шахини и за други 40 лица со кои таа имала контакт, значи двонеделна изолација. Од изолираните, само од најблискиот семеен круг, позитивни се 4 лица, меѓу кои и двете деца на оџата.