Еве што да се јаде неколку дена пред породување

2614

Исхраната за време на бременоста, во голема мера го одредува здравото нејзино одвивање, а и здравствената состојба на мајката и бебето.

Ако сте во последните денови од бременоста и наскоро очекувате да родите е важно да не подлегнувате на искушенијата кон штетна и масна храна, колку и да ви се јадат.

Некои мајки успеваат да ја избегнат оваа храна за време на бременоста, но паѓаат во заробеништво на искушението на финалето, бидејќи сметаат дека сега можат да си го дозволат.

Тоа не е точно. Важно е да се нагласи дека хранливите материи кои ќе се внесат во организмот во последните денови пред раѓањето имаат големо значење за хранливата вредност на млекото, за поттик на мозочниот развој на вашето бебе и намалувањето на стресот .

Киви

Кивито е неверојатно добар извор на витамин Ц е антиоксиданс кој помага за отстранување на отокот и гасовите во последните денови пред раѓањето. Кивито го ублажува запекот, благодарение на големото количество влакна и го хидрира телото на мајката и бебето. Нема научни докази дека кивито може да го забрза породувањето, како и која и да е друга храна, но важно е да се наполните со витамини и влакна пред големиот старт на животот на вашето бебе.

Сардини

Сардините се исклучително богати со докозахексаеновата киселина (DHA) – полинезаситени масни киселини од групата на омега-3. Таа е незаменлива, особено за мајчиното млеко. Овој вид масна киселина е есенцијална за развојот на мозокот на бебето. Покрај сардините богати извор на овој вид омега-3 масна киселина е и лососот.

Јаболка

Јаболката се неверојатен извор на витамини и минерали, кои се од витално значење пред раѓањето. Соединенијата во нив помагаат за смирување на нервниот систем, потиснување на стресот, што е многу важно пред раѓањето. Покрај јаболката слично својство имаат и морковите, целерот и шумските плодови.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.