НАСА предупредува дека дури пет опасни астероиди се движат кон Земјата.
Во последните неколку недели, НАСА предупреди на неколку потенцијално опасни астероиди кои се приближуваат кон Земјата, но оваа недела ќе има дури пет, од кои два ќе прелетаат покрај нашата планета денес.
Астероидите 2013 XA22 и 2020 KZ3 со ширина 100, односно 20 метри, треба да поминат покрај Земјата денес.
Следниот опасен астероид, со големина на куќа, се очекува да прелета покрај нас во среда, 10 јуни, а потоа во четврток уште два астероиди кои се широки околу 25 метри се закануваат на Земјата.
Последниот, кој ќе ја помине нашата планета најблизу, треба да остане на безбедно растојание од околу 3,7 милиони километри.
Иако НАСА вели дека сите пет астероиди ќе поминат на релативно безбедно растојание од Земјата, тие посочуваат дека постои причина за загриженост. Имено, дури четири од овие пет астероиди беа забележани на средина, односно на крајот на мај, што значи дека немало да имаме време да се одбраниме од потенцијално влијание при прелетување поблизу до Земјата.
Научниците велат дека е многу важно сериозно да се размислува за подобра опрема и одбранбен систем што ќе спречи некои од идните астероиди да ја погодат Земјата.