“Студија | Алергиите се покажаа како поопасни за здравјето од пушењето”

1036

Ова ново истражување првпат јасно ги поврзува антителата, кои се произведени како реакција на храната, со сериозни проблеми со срцето.

Вообичаените алергии на храна, како што се негативните реакции на кикирики или одредени млечни производи, се поврзуваат со зголемена смртност од кардиоваскуларни проблеми, и тоа дури повеќе отколку пушењето, според истражувањето на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вирџинија.

Ризикот од алергии на храна за здравјето на срцето на пациентот е исто така ист или поголем од ризиците од дијабетес, висок крвен притисок или ревматоиден артритис, според студијата која вклучува неколку илјади испитаници.

Студијата открива дека луѓето чие тело произведува антитела како реакција на храната, но продолжуваат да ја консумираат истата, се изложени на најголем ризик од кардиоваскуларни компликации.

Приближно 15 отсто од испитаниците произведуваат антитела кои предизвикуваат алергиски реакции на споменатите видови храна, според Џефри Вилсон, член на истражувачкиот тим.

Тој истакнува дека е потребно повеќе тестови, бидејќи некои пациенти немале никакви алергиски реакции, иако имале формирани антитела на одреден вид на храна.

Ова истражување првпат директно поврзува антителата со сериозни проблеми со срцето и потврдува резултатите од претходни студии кои укажуваат на сериозна поврзаност помеѓу алергиското воспаление и кардиоваскуларните проблеми.