Со смеење до подобро помнење

37

Ако радосно разговарате со своето бебе и секогаш му се насмевнувате додека си играте тоа многу подобро ќе се сеќава на заедничко поминатото време.

Истражувачите кои ја тестирале меморијата на петмесечните бебиња, откриле дека тие попрво се сеќаваат на геометриските форми кои ги виделе додека го слушале веселиот глас и ја гледале насмевката на лицето на оној кој им ги покажувал, отколку кога им се претставени целосно рамнодушно, студено или со некоја негативна енергија.

Мемориската способност на бебињата е тестирана со следење на движењето на очите, а врз основа на тоа утврден е степенот на вниманието посветено на одреден предмет.

Бебињата со поголемо внимание и интересирање ги следеле, а со тоа и подобро ги запомниле, формите кои еден ден претходно им биле претставени со весел глас и со насмевка.

Психолозите велат дека позитивното искуство и пријатниот однос го изоструваат системот на внимание кај малите деца, а тоа ја зајакнува нивната способност да го „совладаат“ препознавањето на геометриските форми и на други за нив непознати предмети.