Лекарите предупредиле на практиката на бројните бремени жени кои секоја година се изложуваат себе си и своите деца на непотребна опасност

15102

ОПАСЕН ТРЕНД! “ОВА Е ЕПИДЕМИЈА, СОСТОЈБАТА Е АЛАРМАНТНА!”

Бројот на породувањата со цариски рез двојно се зголемил во последните две децении, а во некои земји достигнал големи размери на епидемија, објавиле докторите во списанието Лансет.

Милиони жени секоја година себе си и своите бебиња ги изложуваат на непотребен ризик од царски рез во размери “кои немаат никаква врска со медицински причини”.

Во 2015 година, последна за која постојат достапни податоци, докторите од целиот свет извршиле 29,7 милиони царски резови, што е 21 процент од сите породи. Петнаесет години претходно, на почетокот на 21 век, имало 16 милиони царски резови, односно 12 проценти од сите породувања.

Се проценува дека царскиот рез, хируршки зафат со кој се спречуваат компликациите при породувањето, е неопходен во 10 до 15 проценти од сите породувања.

На прв поглед, можеби се чини дека се случил голем скок, но тој впечаток радикално се менува кога се гледа стапката на царските резови според економскиот статус. Во најмалку 15 земји во светот, со тој зафат на свет доаѓаат преку 40% од децата. Најчесто за него се одлучуваат богатите жени во приватните клиники.

Во Бразил, Египет и во Турција повеќе од половината породувања се прават со царски рез. Најмногу во Доминиканската Република, 58,1 проценти.

Зафатот не е реткост во земјите со повисоки примања

Авторите на студијата нагласуваат дека зафатот премногу се користи во средини со средни и високи примања, но и обратно онаму каде што владее немаштијата. Сиромашните жени често немаат пристап до зафатот кој може да им го спаси животот.

“Само врз основа на медицинските потреби, не би очекувале такви разлики меѓу земјите, меѓу жените со различен социоекономски статус или дури и помеѓу провинциите во рамките на истата држава,” рече авторот на студијата Ties Boerma, професор по јавно здравје на Универзитетот Манитоба.

Продолжува на страна 2