Лекарите предупредиле на практиката на бројните бремени жени кои секоја година се изложуваат себе си и своите деца на непотребна опасност

19235

 

Jane Sandall, професор по социологија и женско здравје на Кралскиот колеџ во Лондон, вели дека има неколку причини поради кои жените се повеќе се одлучуваат да се породат со царски рез.

Меѓу нив се недостаток на бабици кои навреме откриваат и ги спречуваат проблемите, губење на доверба во тоа дека гинекологот сигурно и стручно ќе спроведе вагинално породување, но и медицинско-правни прашања.

Лекарите честопати се во искушение да организираат царски рез за да го забрзаат протокот на пациентите во родилиштата, а медицинските работници се помалку подложни на можни тужби ако изберат царски рез наместо природно породување.

Sandall вели дека често постојат “финансиски поттикнувања” и докторите и болниците да направат царски рез.

Во студијата се предупредува дека многу млади лекари стануваат “специјалисти” за царски рез и истовремено губат самодоверба кога станува збор за природни породувања.

Во анализата се истакнува и проблемот на големиот дисбаланс помеѓу сиромашните и богатите региони во истата земја. Во Кина, на пример, процентот на породувањата со царски рез варира од четири до 62 проценти. Во Индија од седум до 49 проценти, зависно од регионот.

Стапката на инвалидитет и смртност е поголема по царскиот рез

Многумина сметаат дека царскиот рез е “лесен” начин на породување, но далеку од тоа дека не постои ризик.

Стапките на смртност и инвалидитет на мајките се поголеми после царски рез во однос на вагиналниот пород. Зафатот на матката остава лузни што можат да доведат до крварење, екоптички бремености (кога плотод “заглавува” во јајчниците), како и до предвремено породување во иднина.

“Царскиот рез е голема операција, која носи ризици и бара внимателно разгледување”, вели Sandall.

Gerard Visser од Универзитетскиот медицински центар во Холандија тврди дека зголемениот број на царски резови е “алармантен”.

“Медицинската струка сама не може да го преврти тој тренд. Потребна е поширока општествена акција за да престанат да прават непотребни царски резови, а на жените и семејствата да им ја вратат довербата дека ќе добијат најсоодветна грижа,” рече Visser.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.