За мојот учител ? | Поучна приказна

2160

Еден ден, еден старец се сретнал со еден млад човек, кој го запрашал:

– “Дали се сеќавате на мене?”

Старецот одговорил дека не се сеќава, на што младиот човек му рекол дека некогаш бил негов ученик.

Професорот го прашал: – Ах да, навистина? И што работиш сега?
Младиот човек му одговорил: – Сега јас сум учител.
– О, колку убаво. Како мене! Одговорил старецот.
– Да! Јас всушност станав учител затоа што вие ме инспириравте да бидам како вас.

Старецот бил многу љубопитен и го замолил да му каже во што се состои инспирацијата, а тој му ја раскажал следнава приказна:

– Еден ден, еден мојот другар дојде на училиште со прекрасен нов часовник и јас му го украдов. Наскоро тој забележа дека му го нема и веднаш ви се пожали. Тогаш за време на часот вие кажавте на глас дека денеска во оваа училница е украден часовник. Рековте, кој и да го украл, го молам да го врати. Но, јас не сакав да го вратам. Потоа ја затворивте вратата и ни рековте да станеме за да можете да ни ги проверите џебовите, еден по еден. Ама, предходно да ги затвориме очите. Ние го сторивме тоа и вие пребарувавте, џеб по џеб, а кога дојдовте до мене го најдовте и го зедовте часовникот. Продолживте да пребарувате низ сите други џебови и кога завршивте, рековте: Отворете ги очите. Го најдов!

Потоа, никогаш не ми кажавте ништо и никогаш не го спомнавте настанот. Никогаш не го откривте моето име на другите ученици. Никогаш ништо не ми спомнавте за тој случај.

Тој ден, вие го спасивте моето достоинство, засекогаш. И тоа беше најсрамниот ден во мојот живот.

Иако не ми викавте или не ми држевте проповед за моралноста, јас ја разбрав лекцијата. Благодарение на вас, сфатив дека вака треба да постапи вистински учител.
Се сеќавате на тој настан, професоре?

Професорот му одговорил:

– Се сеќавам на случајот со украдениот часовник и дека ги пребарував сите џебови на учениците, но не се сеќавам дека тоа сте биле вие, бидејќи и јас ги држев очите затворени.

“АКО НЕ ЗНАЕТЕ КАКО ДА ИНСПИРИРАТЕ НЕКОЈ, КАКО ДА ГО НАСОЧИТЕ, ТОГАШ НЕ СЕ ЛАЖЕТЕ … НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕТЕ УЧИТЕЛ”.

Преземено од ФБ. Во чест на еден мој учител. Ти благодарам ❤

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.