Поучна приказна | Приказна за спознанието

277

Си беше еден човек познат по својата смиреност и љубов према сé на светот. Секоја работа што ќе ја започнеше, му успеваше одлично. Сите го почитуваа и често доаѓаа кај него за совет.

Еднаш кај него дојде еден сосед кој му љубомореше за сé и кој беше препотентен и горделив.

– Имам сé во животот! – му рече соседот на почитуваниот човек. – Живеам во потполна благосостојба. Но, тебе повеќе те почитуваат во градот отколку мене. По твое мислење, на кого ти личам јас?

Мудриот човек се насмеа и рече:

– Ми личиш на Бог.

Љубоморниот сосед задоволно се насмеа. Но, посака да му направи некоја гадост на пријателот и затоа извика:

– Ти мене ми изгледаш како ѓубре! Не разбирам зошто сите во градов те почитуваат!
Мудриот човек не одговори ништо, само се насмевна.

Тоа го налути соседот уште повеќе, па го запраша:

– Зошто не се навреди на моите зборови, бидејќи ти ме нарече Бог, а јас тебе ѓубре?

– А, зошто би се навредил? – одговори мудриот човек. – Кој во себе Го спознал Бог, тој

Го гледа и во другите. А, тој кој е полн со нечистотија, секој човек го гледа како ѓубре.

Поука: Човек го гледа во соговорникот тоа што се наоѓа во него самиот.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.