Ако не ве почитуваат, не се докажувајте – бидете тоа што сте!

209

Не е проблемот во вас, во нив е. Затоа не ги намалувајте своите критериуми, и не правете го она што тие ќе посакаат, да изигрувате нивен кловн. Верувајте дека ќе ве искористи во прв момент, тоа е во луѓето. Кога ќе им дадете еден прст – тие ја земаат целата рака. На крајот, заради сè, навистина повеќе нема да ве почитуваат, така што сè што сте направиле и поминале ќе биде залудно.

Ако не ве почитуваат, не се докажувајте – бидете тоа што сте. Не ја намалувајте цената на своето достоинство заради стекнување доверба, во секој случај нема да го добиете. Ако тие не ви веруваат – не се докажувајте и не се оправдувајте за она што го правите, како тоа го правите, зошто го правите тоа. Кога не сакаат да веруваат – нема да веруваат. Ќе го искористат тоа за некои лоши намери. Вие само треба да си останете верни на себеси и покрај сè, и ќе видите дека работите ќе се променат по некое време. Но, не очекувајте промена преку ноќ.

Ако не ве почитуваат, не се докажувајте – бидете тоа што сте. Не ги молете за љубов ако не ве сакаат. Тоа ќе ви нанесе неправда и ќе ја уништи секоја вера во луѓето. Не ползете пред таквите луѓе, не дозволувајте во ваше присуство да изнесуваат само негативност од животот на другите луѓе, тоа е најдобар знак дека од таквите луѓе треба да се оддалечите што е можно поскоро и дека мора да размислите за вашата желба да биде дел од нивните животи.

Вистинските луѓе порано или подоцна ќе ја откријат вашата вредност. Кога ќе пронајдете такви луѓе, држете ги како капка вода на вашата дланка, а другите занемарете ги. Вашите очи нема веднаш да ја забележат вредноста на таквите луѓе, но откако еднаш ќе ги препознаете, не дозволувајте некој од нив да ве оттргне. Кога ќе станете најдобрата верзија од себе, тогаш ќе се појават луѓе чиешто присуство ќе стане вистинска авантура на заедничкиот живот. Тогаш вашиот заеднички живот ќе стане она што секогаш сте го посакувале.

Mario Žuvela