Не си дозволувај заради некој да се изгубиш

235

Уживав во мојата невиност и неисквареност додека не станав мајка.

Живееш како невино дете и не сакаш да пораснеш. Не ве интересира светот на лаги, глуми, неискусни души, стресови и негативности. Не сакав да пораснам, и уживав во мојата невиност и неисквареност додека не станав мајка.

Се обидував да останам иста, но тоа беше невозможно во светот на возрасните. Почнав да се чувствувам како марсовец и како со мене нешто не е во ред. И веројатно не ни било, така ми зборуваа. Не им одговара мојата ведрина, мојот оптимизам, мојата пожртвуваност. Ме променија. Им дозволив. Ја измамија мојата душа, мојот дух и моето срце. Се затворив во мрак како резултат на нивните уверувања.

Немав сила да живеам опкружена со нив, ме газеа и буткаа во лудило. Се чувствував како нив, ја читав нивната потсвест, за што не ни беа свесни. Својата чистота ја заменив со нивната црнила, фрустрации, потиснати чувства, со несвесни делови од нивните болки. Тонев во нивната горчина и омраза. Не можев да дознаам која сум? Што сум? Зошто ми се случува ова?

Сфатив дека ја преземам енергијата на сите околу мене. Ја блокираа мојата, па ја чувствував нивната. Нивните вибрации ми ја кажаа вистината додека прво себе се лажеа и тивко страдаа немоќни да тргнат напред. Го проживував тоа, чувствував и ги гледав нивните борби. Научив со текот на времето дека тоа не е мое во мене, и после многу години повторно почна да се пробива светлината и вербата дека сум на вистинскиот пат и дека на мојата душа и било потребно да зајакне и да ги надмине сите кои ја уверувале во темнината и упорно ја туркале надолу.

Растот на душата беше неопходна за целосно да се изгради. Денес знам дека тоа е раст на духот, умот и целото битие. И дека не ја добив нивната љубов, ја добив својата. Ја добив својата светлина и моето чувство за единство. Се обидував цел тој период сè што учам, чувствувам, спознавам од ден на ден, да им го пренесам на децата,. Ги научив за вистината. Вистината на животот; дека никогаш, поради некој, да не се изгубат себе си, да ја живеат вистината и само вистината, ништо да не потиснуваат, да кажат се она што им лежи на душа, да ја признаат љубовта на оние кои ги сакаат, да реагираат на неправдина, секогаш да бидат свои континуирано.

Ги научив да бидат она што треба да бидат, љубов, да чувствуваат, да живеат, да бидат најдобри прво за себе па за целиот свет.

И кога ми било најболно, најризично, и кога ја губев земјата под нозете и кога останав без ич ништо, без многу драги луѓе и кога се чувствував сама против сите, а при тоа се гушев од болка, не ја губев вербата, а порано, било престрашно да се верува дека тоа е мојот пат, дека така треба да биде и дека се случува она најдоброто што може да биде.

Мислев дека не верувам во Бога, дека сум антиверник. А цело време ме води вербата, вербата во доброто, во мирот, во љубовта. И тоа беше мојот Бог. Она што е во тебе, верабта во сè најдобро што можеш да бидеш, тоа е за мене е Бог. Ја научив својата верба и им дозволив на моите деца на нивниот пат сами да ја најдат сопствената, и да научат кој е за нив Бог без туѓо наметнување.

Самите да ја пронајдат вистината и добриот живот.