“Паузата” во глобалното затоплување е илузија

221

Новата анализа на површинските температури во светот покажа дека затоплувањето во 21-тиот век е исто или дури и поголемо од тоа во втората половина на 20-тиот век, односно забавување, како што го предвидоа неколку истражувања, нема.

Според Националното истражување на океаните и атмосферата така дискутираната “пауза” во затоплувањето е илузија предизвикана од неточни податоци.

За новата анализа се користат податоци од илјадници метеоролошки станици на копно и во вода и усовршени пресметки. Тааа покажува дека светот се затоплува со 0,086 степени целзиусови за деценија од 1998 година до 2012 година, односно два пати повеќе од воспоставените 0,039 степени целзиусови од извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени. Од 2000 година до 2014 година стапката е 0,116 степени деценија. Ова одговара на просекот од 0,12 деценија за периодот меѓу 1951 и 2012 година.

“Изјавата на Меѓувладиниот панел за климатски промени од пред две години дека површинските температури во светот се зголемуваат многу побавно во последните 15 години, отколку пред 30 и 60 години, повеќе не е валиден” – изјави шефот на тимот д-р Томас Карл.

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието (Sciense).