Создаваат вештачки дожд | Толку им е жешко што им текнало да испратат беспилотни летала во необична мисија

181

ОАЕ се обидуваат да ја зголемат количината на врнежи на својата територија користејќи методи на „сеење“ облаци.

Обединетите Арапски Емирати „испечени“ се во јуни на температура од околу 50 степени. Но, по повеќенеделни неподносливи горештини и суша, небото се отвори, но очигледно благодарение на нивната армија беспилотни летала кои формираат облаци.

Националниот метеоролошки центар објави видеоснимки за дождливото време во Рас ал-Хаима на северот на земјата и во близина на аеродромот Ал-Ваган. Алармите за метеоролошки врнежи од дожд биле вклучени низ целата земја за време на викендот.

Подоцна NCM на Твитер objavi дека голем дел од дождовните врнежи што ги погодија ОАЕ биле како резултат на нивните скапи напори за „сеење“ облаци. Ова исто е потврдено и за Gulf News, објаснувајќи дека последната дождовна епизода може да се припише на нивните проекти за успешно создавање дожд.

‘Сеење’ облаци

Токму недостатокот на вода е идентификуван како клучна пречка за развојот на ОАЕ во овој век. Просечните годишни врнежи во главниот град Абу Даби се само 42 милиметри, а повеќето паѓаат во зима. Како што се продлабочува климатската криза, голем дел од Блискиот исток и Северна Африка се соочуваат со сè подолготрајни и чести суши.

Свесни за овој проблем, властите на ОАЕ во 90-тите, во соработка со Националниот центар за истражување на атмосферата и НАСА, започнале да финансираат проект за „дождирање“ на земјата. Дополнително ги интензивирале своите напори во последниве години; само во првите шест месеци од 2020 година, лансирале 219 облаци „за сеење“ дожд.

Две методи

Иако постојат голем број техники, процесот на „сеење“ вклучува авиони што испукуваат сребрен јодид и други кристални честички од структура слична на мраз во облаците. Овие честички дејствуваат како јадро за да формираат ледени кристали во атмосферата. Вториот метод вклучува беспилотно летало со електричен полнеж што лета во облак и со така поттикнива мали капки вода да се спојуваат и на крајот да паднат на земја, пишува IFL Science.

Иако методите засега работат, не сите научници се оптимисти дека се доволно ефикасни за да создадат дожд. Некои студии откриле дека „сеењето“ облаци поради некоја причина има многу малку или воопшто нема влијание врз врнежите. Други студии, сепак, велат дека влијанието е значајно. Според податоците на ОАЕ, претходните „сеења“ довеле од 15 до 35 проценти зголемување на врнежите, во зависност од количината на пустинскиот песок во атмосферата. Но, тоа не е импресивно зголемување, бидејќи просечните годишни врнежи се само 42 милиметри.