Редок лекарски подвиг | Леонид Рогозов – руски хирург кој извршил операција врз самиот себе

1000

Леонид Рогозов бил советски општ лекар, кој учествувал во шестата советска експедиција на Антарктикот во текот на 1960. и 1961. година. Тој бил единствениот лекар стациониран во базата „Новолазаревскаја“, каде добил запаление на слепо црево. Тоа значело дека бил принуден да изврши хируршки зафат врз себе, што претставува познат случај на само-операција.

Во 1961. година, докторот Леонид Рогозов бил стациониран во новоизградената руска база на Антарктикот, во која биле сместени вкупно 12 лица отсечени од надворешниот свет, во услови на тешка поларна зима која траела до март истата година.

„На секои 4-5 минути морав да одмарам 20-25 секунди“, го опиша д-р Рогозов доживувањето на операцијата врз себе.

Утрото на 29. април 1961. година, Рогозов почувствувал општа слабост, гадење и умерена треска, а подоцна болка во долниот десен абдомен. Неговите симптоми биле класични за состојбата на акутно воспаление на слепо црево. За да преживее морало да изврши итна операција. Рогозов бил во сериозни тешкотии: поларна ноќ на нововоспоставената населба на Антарктикот, транспортот бил невозможен, а летањето не доаѓало в прдвид поради снежните ветрови. И имал уште еден дополнителен проблем: тој беше единствениот лекар!

Немало друг избор

Рогозов, кој во тоа време имал само 27 години, во својот дневник го напишал следново:

„Се чини дека имам воспаление на слепото црево. Молчам за тоа, дури и се смеам. Зошто да ги плашам моите пријатели? Кој би можел да ми помогне?“

Се применуваа сите достапни конзервативни третмани – антибиотици и локално ладење, но општата состојба на пациентот се влошувала – неговата телесна температура растела, а повраќањето зачестило.

„Не спиев цела ноќ. Боли, многу боли! Морници ме лазат. Сè уште нема очигледни симптоми дека перфорацијата е неизбежна, но чувството на сомнеж виси над мене … Тоа е тоа … Морам да разберам дека единствениот можен излез е да работам самостојно … Невозможно е … Но, не можам само да ги скрстам рацете и да се откажам.”

Рогозов немал друг избор освен да изврши операција на себе. Операцијата почнала во 2 часот по локално време на првиот ден од мај со помош на возачите и метеоролозите, кои му ги додавале инструментите за операција и го држале огледалото со чија помош ги гледал деловите кои не биле видливи, додека Рогозов се наоѓал во полулегната позиција со потпирање на левата страна од телото. По 30-40 минути, Рогозов правел кратки паузи поради општа слабост и вртоглавица. На крајот тој отстранил значителен дел од воспаленото слепо црево, нанел антибиотици на перитонеалната празнина и ја затворил раната. Целата операција траела еден час и 45 минути. Тимот за поддршка направил неколку фотографии од овој необичен зафват на само-оперирање.

Проклет привезок!

Леонид Рогозов неколку години по неговото враќање во Русија

„Работев без ракавици. Тешко можеше да се види. Огледалото помага, но исто така и одмага, бидејќи ги покажува работите обратно. Работев претежно со допир. Крвавењето беше прилично обилно, но се борев да работам безбедно. Со отворањето на перитонеумот, го повредив слепото црево и морав да го шијам. Одеднаш ми пролета низ главата дека овде има повеќе повреди кои не сум ги забележал … Слабеев, во главата почна да ми се врти. На секои 4-5 минути морав да одмарам 20-25 секунди. На крај, еве го – проклетиот привезок! Со ужас, забележав темна дамка на неговиот крај. Ова значи дека воспалението ако траело само еден ден подолго… Сепак, во најлош момент е отстрането. Мислев дека ќе заврши лошо, а потоа сфатив дека всушност сум веќе спасен“.

По операцијата, општата состојба на д-р Рогозов се подобрила, температурата на телото се вратила во нормала по пет дена, додека конците се отстранети по седум дена. Тој ги продолжил редовните должности во текот на наредните две недели.

Скромниот д-р Рогозов

Неговата самооперација предизвикала големо внимание од советската јавност во тоа време. Во 1961. година, д-р Леонид Рогозов бил награден со Орден на Црвеното знаме за неговата работа.

Самооперацијата на Рогозов останува вечен пример на решеност и човечката волја за живот. Во подоцнежните години, Рогозов ја отфрлал целата величина на своето дело. Обично одговарал со насмевка и скромни зборови: „Беше тоа работа како и секоја друга, а мојот живот како и секој друг“.

Во октомври 1962. година, Рогозов се вратил во тогашниот Ленинград, каде подоцна работел како лекар во разни болници. Од 1986. до 2000. година работел како шеф на хируршкото одделение на Институтот за истражување на туберкулоза во Ленинград, подоцна Санкт Петербург. Починал во 2000. година, на 66-годишна возраст, од рак на белите дробови.

Извор: Rarehistoricalphotos.com