Науката за еволуцијата можеби ќе ја открие оваа чудна одбивност кај бебињата

194

Зошто бебињата се плашат од растенија?

Во главата имам слика која ги опфаќа сите важни аспекти од детството. Таа е запишана како „Мало човече со џамлија во носот“. Ја нафрламе оваа слика на семејните собири – секако дека ќе се најде некој роднина кој некогаш бил тоа Мало човече – за да ја илустрираме пријатната идеја дека децата, истовемено со сета своја дражесност и иритантност, се истражувачи/пронаоѓачи/генијалци во минијатура.

Според ваквото размислување, вметнувањето на мал предмет во нос е само предигра во Научниот метод, кој изгледа помалку бизарен.

Но замислете ја таа слика како карикатура. Отфрлете ја заразната ајнштајновска насмевка кај бебето, додајте размрсулавена ноздра (онаа слободната), и препишете го насловот: „Преживување на најсилните?“

Ова не е шега. Психолозите за развој и еволуција ги проучуваат бебињата многу сериозно, затоа што тие веруваат дека не-баш-чистата-состојба на мозокот кај бебињата може да ни открие изненадувачки фокус во нашето еволуциско минато.

Причината што почетната историја на индивидуалниот човечки ум е вид на аналогија на почетокот на историјата на човештвото. Затоа што умот кај бебињата сеуште не е обликуван од емпирискиот свет околу нив, нивното однесување воглавно е производ на елементарните длабоко запишани информации во мозокот – како еден вид склопка која датира уште од времето кога сме биле ловци. Накратко, сето современо одгледување деца од хип мамиња и татиња, сеуште не влегло во овие умови, што научниците го остава со невообичаено нејасен увид за нашата многу дамнешна природа.

Едно истражување објавено неодамна во журналот Когнишн од тим истражувачи од Јејл, ја користи оваа линија на анализи и прави наслов кој без сомнение ќе го привлече вниманието кај многу новопечени родители: „Бебињата одбиваат да се фатат за растенијата“. Студијата известува дека на бебињата им треба многу повеќе време за да допрат растенија, отколку разни други предмети.

Автор кој е лидер во студијата, Ени Верц, сака да биде јасна околу тоа што не е ова истражување: „Во никој случај не тврдиме дека бебињата треба да бидат оставени со растенија или нешто слично“, вели таа. Со сета своја професионалност, таа го потенцира ова затоа што всушност сака да дискутира за она што вистински ја интересира во врска со овие последни откритија. Радикалната хипотеза на Верц е дека стравот кај бебињата од растенија е остаток од прастариот механизам за преживување.

На нашите претци, растенијата им биле и есенцијални (како позната храна која ја собирале, како сигуно засолниште, и тн.), но и смртоносни (погрешен залак во шумата, погрешно искористен лек од тревки). Но опасните растенија никако не се претставуваат себеси како такви: тие не тргаат да зграпчат со своите канџи, ниту пак шкрипат со забите, и со сигурност не ве бркаат низ шумата. За Вирц, ова отвара „навистина интересен проблем за учење“. Живеете помеѓу различни лиснати предмети, но всушност не знаете кој од нив е безбеден за вечера.

– Ако јадеме само едно нешто, тогаш можете да претпоставите дека можеби постои некој вид на програма за идентификување на тоа сецифично нешто. Но нашата исхрана е многу разновидна, а луѓето живеат во многу различни средини. Затоа секој човек-индивидуа, кога ќе се роди, треба да го реши проблемот кои растенија во неговата средина се опасни, а кои се јадливи“.

Верц читала за стратегиите кои други суштества ги користат за да навигираат низ оваа тешка и опасна по живот анализа. Постојат едноставни психолошки механизми кои можат да помагнат: на пример, хемикалиите во цревата кај многу животни ќе ги разбијат токсините на растенијата. А постојат и други многу импресивни механизми на однесување. Некои животни научиле да пробаат по малку од секое растение кога го пробуваат за прв пат. На тој начин, дури и ако растението излезе дека е опасно, тие внесуваат само по мало залче од целиот оброк.

Според хипотезата на Верц, тоа најдобро функционирало кај првите луѓе; таа тоа го нарекува „механизам за социјално учење“. Ловците најчесто реагирале безбедно, и избегнувале растенија се додека не откријат дали се јадливи или не. Излегува дека заклучокот кој најмногу помагал доаѓа од нешто друго: Ако мама јаде магдонос, и ти можеш да го јадеш.

За денешните луѓе, Верц смета дека применуваат нешто изненадувачки слично. Бебињата одбиваат да се доближат до растенијата, се додека не соберат социјални заклучоци од луѓето околу нив, кои покажуваат дали е тоа во ред или не е.

Во оваа најнова студија, бебињата седат во скутовите на родителите додека им се покажуваат неколку предмети (на дофат, но без можност да ги пикнат во носот). На бебињата им се покажуваат живи растенија, вештачки растенија, и „добри предмети“ – предмети кои не изгледаат толку далечни како растенијата. На четириесет и пет од 47 бебиња во тстовите, им требало повеќе време да ги допрат растенијата (без разлика дали се живи или вештачки) отколку за другите предмети.

Прво, на Верц и паднало на ум најчудното објаснување за овие откритија. „Си помисливме, хм, тие можеби само ги избегнуваат предметите во облика на лисја“. Или предметите кои даваат чувство на лисја – оној вид на деликатни нешта кои бебињата можеби веќе научиле да не ги допираат. За да ја докажаат оваа можност, Верц и нејзиниот тим ги искоритсиле самите лисја од вештачките растенија за да ги декорираат „добрите предмети“. Ги скинале листовите, ги обоиле во црно, и ги обложиле предметите. Резултатот изгледал како дел од марсовски домашен декор. Материјалот од листовите не изгледал како она од што бебињата се плашеле.

Ова било вешто, но тоа создало друг проблем. Што ако бебињата всушност не дека не ги сакаат растенијата, што ако ним всушност им се допаѓал вонземскиот изглед? Верц направила уште еден експеримент за да провери дали може да се потврди нејзиниот аргумент за „добрите предмети“: дека бебињата посегаат само по нешто што е ново и кул. Тие ги задржала истите „добри артефакти“, но ги заменила растенијата со внимателно одбрани нешта: со лампа (познат предмет кој бебињата не би требало да го допираат), со лажица (познат предмет кој бебињата смеат да го допираат), и морска школка (природен, нежив предмет кој не изгледа како растение).

Во овие експерименти, на бебињата им требало отприлика исто време да ги допрат сите предмети, што наведува на тоа дека тие немаат некој посебен интерес за добри предмети, што било предизвик на почетокот да бидат одбивни кон растенијата.

Се разбира, ова не е исцрпувачки процес на елиминација. Можеби сеуште мислите дека Верц направила нешто како гимнастички скок за да допре до нејзиното теоретизирање на еволуциска основа. Таа го разбира – и може лесно да го повторува тоа – овој скептицизам. „Земате познат феномен и почувате да вртите некаква приказна според фактот зошто можело ова да служи кај нашите претци, нешто за кое ништо не знаеме“.

Очекував Верц да одговори на таквите критики со набројување докази за тоа зошто таа смета дека го пронашла вистинскиот одговор. Сепак нна за што изгледа дека е најмногу подготвена да го брани е дека дошла на исправен начин дошла до ова. „Прифаќањето на еволуцискиот пристап за човечката когнитивност е фундаментално за генерацијата која поставува хипотези“, вели таа. Во многу случаи, вистинсиот труд во истражувањето на Верц е самото учење – за се од хемискиот состав во растенијата до забите на предисториските луѓе – за да се дојде до прашањето кое е доволно умно и силно за да вреди одговори.

– Можеби вистината е дека бебињата всушност не покажуваат ваква реакција, и во тој случај сум во грешка, вели Верц. „И тоа е во ред“. Но таа оди уште понатаму: „Можеби исто така ќе излезе, како што се случува со било кое друго откритие, дека е ова резултат на нешто сосема друго, и отворена сум за таквата можност. Но токму од тоа и излегуваат хипотезите“.

Ваквата скромност можеби мами насмевка, и можеби сме маѓепсани од свежиот тенор на некој кој признава дека можеби згрешил. Но треба да се забележи дека сето ова не е само лично понижување. Ваквата флексибилност е сржта на тоа колку експертите како Верц ја разбираат еволуцијата – и како аматерите како нас треба истата да ја разбираат.

Како што вели Верц, „луѓето за нештата кои еволуирале мислат дека се длабоко врежани и нефлексибилни и инстинктивни, но всушност тоа е е така. Секој вид еволуирана структура може да има било каков вид на конфигурација“.

И на крајот на нашиот разговор, Верц внимателно додава: „Се разбира дека постојат и други процеси… постојат работи кои можеби се само пречка во системот“. А тоа за секого е научното објаснување во врска со сите џамлии кои било како си го нашле своето место во ноздрата.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување