Го сакаме летото од многу причини и една од нив е храната. Тоа е сезона, во која има најширок спектар од зеленчук, со кој се подготвуваат лесни и брзи јадења.
Се разбира, на никаков начин не можеме да ја игнорираме и здравата страна на нештата.
По тој повод денес ви презентираме една видео рецепт за зеленчук во тава, на кој можете да додадете било каква основа, дури и нудли.
Потребно
- ½ чаша соја сос
- 2 лажици шери или зеленчукова супа
- 2 лажици кафеав шеќер
- 2 лажици пченкарен скроб
- 2 лажици чили
- 1 лажица свеж ѓумбир
- 3 лажици путер од кикирики
- 1 глава жолт кромид, исечен на поголеми парчиња
- 1 црвена пиперка, исечкана на парчиња
- 1 жолта пиперка, исто исечкана
- 2 чешниња лук, сецкан
- 2 средна големина тиквички, исто сецкани
- 1 мала тегла бејби пченка
- 1 глава брокула
- 1 компир
- моркови
- бамии