Истражувачите од Универзитетот во американската сојузна држава Ајова утврдиле дека постои директна врска меѓу високата стапка на успех на учениците и правилната исхрана.
Според научниците бесплатните ужинки во училиште им помагаат на децата од сиромашни семејства да учат подобро.
Во американските училишта бесплатни закуски има кај одреден број ученици од семејства со ниски приходи. Во училиштата со низок број такви ученици бесплатни закуски не се обезбедуваат.
Специјалистите ја анализирале успешноста и во двата типа училишта. Во училиштата со бесплатните закуски децата се школувале подобро.

Оценките по математика, природни науки и читање биле за 25% повисоки од децата во училиштата, каде немало закуски.
Колку подолго едно училиште учествувало во програмата за бесплатни ужинки за деца од сиромашни семејства, воведена впрочем уште во 1966 година, толку успешноста на децата била поголема.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















