ШТО Е ОВА ШТО ИЗЛЕТАЛО ОД ЦРНАТА ДУПКА ?! Научниците во целосен шок | Фото/Видео

1403

За прв пат во историјата, астрономите снимиле моќен млаз кој излетал од работ на хоризонтот на настани на црната дупка во меѓугалактичкиот простор.

Набљудувањата на црната дупка во центарот на галаксијата Messier 87 (M87) би можеле да откријат како се создаваат млазовите од плазма од црните дупки, кои се сметаат за едни од најсветлите објекти во универзумот.

– Знаеме дека млазовите се исфрлаат од регионот околу црните дупки, но сè уште не разбираме како тоа се случува – рече Ru-Shen Lu, водечки истражувач во Shanghai Astronomical Observatory.

За да се истражи ова, неопходно е да се набљудува потеклото на млазовите во близина на самата црна дупка, објаснува кинескиот астроном.

Во центарот на повеќето галаксии се супермасивни црни дупки, а овие објекти се всушност галактички „сливници“, кои постојано голтаат се што се приближува до нивниот хоризонт на настани. Многу црни дупки исфрлаат моќни млазови материја од нивните полови со брзина блиска до брзината на светлината.

Првата снимка од исфрлањето на таков млаз е направена со помош на телескопи лоцирани во пустината Атакама (телескопот ALMA) и на Гренланд, а е направена во 2018 година. Тоа е галаксијата М87, оддалечена 55 милиони светлосни години од Земјата, а во нејзиниот центар се наоѓа огромна црна дупка, која е 6,5 милијарди пати поголема од нашето Сонце.

Научниците веруваат дека исфрлените млазови се поттикнати од ротацијата на црната дупка. Сепак, не е јасно од каде доаѓаат. Теориите сугерираат дека тие би можеле да бидат тесно поврзани со хоризонтот на настани, линијата зад која ништо не може да се види или точката од која нема враќање. Теориите исто така наведуваат дека е можно млазовите да потекнуваат од ергорегионот, зоната каде просторот и времето ко-ротираат со црната дупка.

Новата слика, објавена во научен труд во списанието Nature, покажува дека основата на млазот е поврзана со материјата што се движи околу црната дупка, иако нејзината точна почетна точка не може да се одреди.

– Ова е првата слика на која можеме да одредиме каде е прстенот во однос на моќниот млаз кој „бега“ од централниот дел на црната дупка – изјави Kazunori Akiyama од Haystack Observatory на Massachusetts Institute of Technology.

  • Сега можеме да почнеме да поставуваме прашања како на пример како честичките се забрзуваат и загреваат и многу други мистерии поврзани со црните дупки, додава Akiyama, пренесува Guardian.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.