Кога станува збор за стареење и сè поголемата желба за помлад изглед, првото нешто што ви паѓа на памет се производите кои го забавуваат процесот на стареење.
Меѓутоа она што треба да го знаете и што игра клучна улога во вашиот изглед е исхраната. Многу повеќе внимание треба да посветите на начинот на исхрана и видот на храна што го употребувате со цел да го добиете посакуваниот изглед.
Затоа заборавете ги скапите креми кои само можат да значат огромен трошок и фрлање на пари, а на крајот да не го добиете очекуваниот резултат.
Домати
Доматите се богати со ликопен, вид на антиоксиданти кои помагаат во борбата против слободните радикали, кои се нестабилни молекули и можат да ги оштетат вашите клетки вклучувајќи ги и клетките на кожата, а со тоа и да го забрзаат процесот на стареење. Ова би можело да биде одличен изговор за да ги вклучите доматите при готвењето.
Манго
Ова тропско овошје не само што е вкусно, тоа исто така може да ѝ помогне на вашата кожа при производството на колаген. Како стареете вашето тело прозведува сè помалку колаген. Бета каротенот што се содржи во мангото е одлично оружје против борбата со времето и стареењето.
Црвено вино
Да, црвеното вино е добро за вас, но во умерени количини. Научните истражувања откриваат дека во виното постои соединение кое го продолжува животот на клетките. Интересно е тоа што ова соединение (ресвератролот) е корисно и кога се применува локално на кожата, бидејќи придонесува при заштита од сонцето и бавно оштетување на клетките.
Грејпфрут
Сите добро знаете дека хидратацијата е број еден фактор за општото здравје на човекот и дека треба да се пијат осум чаши вода дневно, но запомнете дека храната која содржи голема количина на вода помага да го хидрирате вашето тело, па така грејпфрутот, портокалите и мандарините треба секогаш да бидат присутни на вашата трпеза, а вашата кожа ќе го задржи младешкиот изглед.
План за исхрана
Исхраната започнува со тридневна детоксикација – без месо или кофеин и неограничена количина на овошје и зеленчук. Пред да се вратите на редовната исхрана, полека воведувајте мали количини на кофеин, јајца и риба, но држете се подалеку од млечните производи, шеќерот и алкохолот.
По здравиот појадок се препорачува ручек и вечера со зеленчук и протеини како: пилешко, риба, грав или леќа, и јаглехидрати како: сладок компир, ориз, киноа или пире.
За десерт, свртете се кон овошјето богато со антиоксиданти, како што се: калинка, гуава, банана, папаја или сите бобинки (замрзнатите се во ред).
Во прилог на промената на вашата исхрана и пиењето осум чаши вода, билни чаеви или свежи сокови од зеленчук, се препорачуваат и дневни дополнувања на омега 3, калциум, хром, магнезиум, манган, цинк и витамини Д, Ц, Б3 и Б6 како и секојдневен внес на сок од боровинки, цреши и маслинки.
Бонус совет
Не брзајте кога готвите, а готвењето на пониски температури ќе направи голема разлика, па префрлете се на побавно подготвување на храната, вриење и испарување и зголемете го внесот на супи, чорби и касероли.
Маринирањето на месото и рибата во кисели состојки – како свеж сок од лимон или лимета пред готвењето ја заштитува храната за време на процесот на готвење. Можете исто така да додадете сокови за пијалаци и преливи за салата.
Куркума, ким, ѓумбир, каранфилче и цимет се одлични зачини кои можете да ги користите како додатоци во исхраната, па не двоумете се и додадете ги во јадењето и пијалаците.
За разлика од другите кислеини, студиите покажуваат дека јаболковиот оцет може да го намали шеќерот во крвта, а со тоа и да ги намали вашите години. Разредете една лажица во вода и додадете во супи и чорби или употребувајте го за салатни преливи.



















