Овие намирници немаат рок на траење

2261

Не секоја храна има рок на траење. Овие неколку намирници може да ви траат цел живот но само ако правилно ги чувате.

Мед

Без разлика пред колку време пчелите го направиле медот, тој нема да изгуби од својот драгоцен квалитет. Може да ја промени бојата или да се кристализира, но секогаш ќе биде безбеден за консумирање и вкусен. Ова се случува бидејќи микроорганизмите не можат да преживаат во толку малку вода колку што има во медот. Потребно е само да го чувате медот на ладно и темно место, и убаво затворен.

Јаворов сируп

Како и медот, јаворовиот сируп има способност да трае засекогаш. Единствената разлика е во тоа како го чувате. Јаворовиот сируп се чува во фрижидер за замрзнување.

Екстрат од ванила

Никогаш не фрлајте го екстрактот од ванила, иако многу долго време го чувате дома. Напротив, колку повеќе го чувате екстрактот од ванила на ладно и суво место добро затворен, толку станува подобар и подобар.

Ориз

Кој било вид ориз освен кафеавиот, може да трае засекогаш. Причината поради која кафеавиот ориз има рок на трање е бидејќи содржи повеќе масло од кој било друг ориз. За оризот да има долг рок на траење потребно е да го чувате на ладно и суво место.

Сол

Морската или која било друга сол, може да трае засекогаш но ако ја чувате на ладно и суво место. Дури и ако прими влага, солта можете да ја консумирате, само што вкусот ќе и биде малку изменет.

Алкохол

Вотката, румот, вискито и други вакви пијачки никогаш не може да се расипат. Тие ќе си го задржат својот вкус и откако ќе ги отворите.

Шеќер

Не е важно дали шеќерот е кафеав или бел, тој е употреблив засекогаш. Шеќерот не може да се расипе бидејќи бактериите не можат да живеат во такви услови. Чувајте го на ладно и суво место.

Оцет

Ако шишето во кое се наоѓа оцетот е добро затворено, тогаш тој нема никогаш да се расипе или да изветрее. Доколку не сакате да јадете оцет стар неколку години, тогаш можете да го искористите за чистење на домот.