Која е разликата помеѓу атомска и водород бомба?

308

Северна Кореја објави дека тестирала хидерогенска бомба. Тоа не се првите нуклеарни проби во земјата, но меѓународната реакција е многу сериозна овојпат.

Која е разликата помеѓу атомска и водород бомба?

И нуклеарната, и хидрогенска бомба се вид нуклеарно оружје, што значи дека енергијата им доаѓа од нуклеарните реакции. Разликата е во начинот на кој таа енергија се ослободува. Ова води и до различна моќ на секој уред.

Атомските бомби користат нуклеарен распад. Тоа е кога голем атом се дели на два помали, за да ја создаде потребната енергија. Хидрогенската бомба користи фузија – кога два или повеќе атоми се соединат во еден поголем.

Можете да видите каков ефект би имала Водород бомба ако таа биде пуштена над Њујорк:

А тоа е графика, која ја покажува атомската бомба од Нагасаки пуштена над Њујорк:

Мапите се направени со платформата NukeMap која цели да покаже нагледно разурнувањата од нуклеарното оружје.

Водородните бомби го содржат “активирањето” во себе, кое предизвикува нуклеарно распаѓање, за да биде ослободена енергијата од синтеза. Водородните бомби можат да се активираат само од енергијата на атомска бомба.

Поради нивниот начин на изработка, водородните бомби се многу помоќни од атомските. Светската заедница реагираше многу остро поради оваа причина.

Некои аналитичари се скептични околу тоа дали навистина Северна Кореја извршила тестирање на хидрогенска бомба. Детонацијата на вакво оружје под земја, како што тврдат дека е извршено тестирањето, би предизвикало многу силен земјотрес. Потресот кој е регистриран во времето на детонацијата, е многу слаб и одговара на атомска бомба помала од онаа над Хирошима, укажуваат светски аналитичари.

Според владата на Северна Кореја тестирана хидрогенска бомба била “смаленна”, што може да доведе до слаб земјотрес.