Почина Бранко Џибулов

912

Денеска во Струмица во утринските часови ненадејно почина Бранко Џибулов (30.08.1956-25.07,2020), еден од првите македонски акустичари.

Плодна беше неговата соработка со групата “Макакус“, добитник е на втората награда на акустичарската гитаријада во Нови Сад, а неговите песни долго се вртена програмите на Радио Скопје.

Посмртните останки ќе бидат изложени во струмичката капела утре на 26.07.20 од 12 до 13 часот.

Почивај во мир.