Судија во North Carolina врз основа на архаичен и малку познат закон му наложил на љубовникот да исплати на мажот со чија жена спиел да му плати 8,8 милиони долари отштета.
Keith King го тужеше љубовникот на својата сопруга бидејќи му го уништил среќниот брак
Keith, кој се оженил со Danielle во 2010 година и заедно имаат дете, во 2015 година пронашол сомнителни пораки кои ги разменувале неговата сопруга и Francisco Huizar. Со тек на време нејзиното неверство им го уништило бракот и Danielle изнајмила стан во 2017. Keith отишол во тој стан, мислејќи дека живее сама, а вратата му ја отворил љубовникот. Таа тогаш снимила видео од својот љубовник како го дави мажот по што Keith го тужел за напад.
На судот приложил докази за 16-месечната афера, а неговата адвокатка Џоан Фоил рекла дека неверството не само што им го уништила бракот туку Keith изгубил и работник бидејќи Danielle работела во неговата фирма „BMX Stunt Show“.
Во приватната тужба од април 2017 Кинг го тужел Huizar, со оглед на тоа дека законот за „растурач на домови“ се уште е во сила во шест американски држави: Хаваи, Северна Каролина, Мисисипи, Ново Мексико, Јужна Дакота и Јута.
Судијата пресуди во корист на измамениот маж и одреди отшета од 8,8 милиони долари.
Љубовникот најави жалба.



















