Исто како нас Римјаните познавале различни видови бакнежи во зависност од околностите. Како што нагласува професор Ева кантар, имало пример бакнеж за поздрав меѓу војската, бакнеж за разделба, бакнеж, која се дава на починатиот, бакнеж за помирување, бакнеж за честитење итн
Секако, имало и љубовни бакнежи. И ете ти сега изненадување! Ако кај нас меѓу мажот и жената постои основа, само еден љубовен бакнеж, Римјаните користеле три збора, за да утврдат различно потекло, карактеристика и цел на слични бакнежи.
OSCULUM: Ова е бакнежот со затворена уста, без страст. Потекнува од зборот os, односно “уста”, и објаснува допир со усните кои се собрани, за да се бакнуваат. Тоа е најстар термин. Користени се, за да означат непорочни бакнежи, кои се давале во присуство на други луѓе или за време на церемонии. Биле единствениот вид дозволено на жените, кога се на јавно место, и “обврска” за нив дури и дома. Секој ден сопругата требало да се бакнува на тој начин со сопругот (и дури роднини), придржувајќи се кон ius osculi (железно правило кое ќе разговараме малку подолу).
SAVIUM: Ова е вистинскиот страстен бакнеж, еротски, со користење на јазикот, бакнежот на вљубените. Потекнува од зборот suavis (сладок, нежен). Подоцна тој ќе биде наречен “францускп бакнеж”. Во Метаморфози (или Златното магаре) на Апулеј е раскажана познатиот мит за Ерос и Психеја: Мајката на Ерос, Афродита, е полна со љубомора кон Психеја, поради што таа бега, преплашена од дворецот на Ерос. Афродита ветува награда за оној кој прв ќе ја најде. Апулеј ја опишува предметната награда на следниов начин: “… ќе добие лично од Афродита седум исклучително слатки бакнежи и еден, далеку меден, со ласкаво допи на јазикот нејзин” (… ab ipsa Venere septem savia suavia et unum blandientis adpulsu linguae longe mellitum).
Постојат и минијатурни (saviolum на пример), како што открива Катун, велејќи на момче кое го сака: “украдов од тебе додека си играше, нежни мој Јувенциј, еден бакнеж [saviolum], посладок од слатката амброзија”.
И конечно:
BASIUM од која доаѓа италијанскиот збор “bacio”. Овој термин се појавува подоцна и почнува да се доближува до терминот savium, и со текот на времето го дислоцира. Зборот првично значел еротски бакнеж, по француски манир, но подоцна, во ерата на подоцнежната империја, почнува да значи бакнеж, исполнета со љубов, оној која се дава на сопствената сопруга и на сопствените деца.
Интересно е дека единствениот од трите терминот кој останал по римската ера, е токму basium (бакнеж), а исто така и глаголот basiare (бакнувам) кој Римјаните го користеле, за да др укаже без разлика на сите видови бакнежи (еротски или не), точно како и ние. Нешто интересно- од натписите на ѕидовите на Помпеја гледаме дека зборот basium била преиначена и обично се пишува со “v”, односно vasium; сигурно луѓето го изговарале така. Навика која останала и досега, две илјади години подоцна. Во Неапол, за да посакаш бакнеж од вашиот омилен или од вашата сакана, се вели: Damme ‘nu vase …
Да се бакнува жена во устата? Тоа е задолжително со закон
Римјаните поседувале интересен обичај. Сопругот по закон имал “право на бакнеж” (ius osculi). Сопругата била обврзана со закон да го бакнува секој ден нејзиниот сопруг по устата. При тоа не само него, но и сите роднини (нејзини и на нејзиниот сопруг) до братучеди од втор степен, кога ќе ги сретнала за прв пат.
Од каде доаѓа овој обичај, толку непривичен за нас? Неговото потекло е многу старо, веројатно од самата зора на Рим, ако не уште од времето на Ромул, кога тој продолжил да се практикува долго дури во Императорската ера. Главната цел била едноставна – да се проверува дали жената е коректна!
И зошто се прави тоа? Се запазувал с многу стар закон кој ставал апсолутна забрана за жените да пијат и го давал правото на мажот да ја убие сопругата, ако тајно проголтала чисто вино. Знаеме дека оваа забрана е тешко да се примени во пракса, и пред Императорската ера отпаднала. Обично делото било негирано од сопругата, но знаеме исто така, дека често мажот ја убивал жена си, на начин што ја затворал во соба од куќата (истата во која можел да биде казнет љубовник, фатени на злосторството), каде ја оставал да умре од глад.
Но од каде доаѓа целата таа злоба? Оттаму, што пиењето вино било споредувано со неверството. Бакнежот, генерално, била … спиртомерот на верноста. Споредбата е едноставна. Пиењето било вовед кон прељубата. Бидејќи жената губити контрола и лесно може да се изврши неверство или, во општа смисла, да се однесува непристојно. Се наведува: “Жената, која е жедна за вино, ја затвора вратата за доблестите и ја отвора за пороците”. Секако, треба да има “повторна проверка”, како и во случај на допинг во модерниот спорт. Ја извршувале роднините на мажот. Мисрисајчи ја, тие ги изработувале вториот тест, за да го потврдат или не обвинението на сопругот. Или за да ја спасат честа на својата gens, ако мажот не ја бил почувствувал.
Но ius osculi имал и лоша страна – заразувањето со херпес (labialis). Континуираните секојдневни бакнежи придонесуваат за неговото ширење. Затоа, со цел да спречи избувнување на вистинска “епидемија” од херпес, император Тибериј забранил ius osculi, особено за време на јавни церемонии.