Колку секс имаат среќните парови?

362

Сексот докажано носи не само огромно задоволство, но е и многу корисен – го полни телото и умот со енергија, води до ослободување на хормоните на среќата, пази од депресија, го подобрува тонусот на организмот, имунолошкиот систем, согорува калории и т.н.

Ако сексот во една врска не е OK, тогаш таа нема иднина, без разлика колку се разбираат и сакаат двајца. И сепак не секој ден партнерите се во расположение за интимни бакнежи, што логично води до прашањето: Колку секс треба да имаат паровите за да имаат среќна и здрава врска?

Одговори дава ново канадско истражување.Според експертите сексот еднаш неделно е сосема доволен парот да има здрава, среќна и задоволителна врска.

Испитувани се неколку парови во текот на неколку месеци, а притоа дел од партнерите си разменувале бакнежи под чаршафите еднаш на седум дена, другите неколку пати во недела, а третите еднаш-два пати месечно.

По крајот на тест периодот со паровите се одржани разговори за тоа како се чувствуваат и дали се среќни во врската. Излегува дека нема разлика помеѓу првите две групи во нивното ниво на среќа и задоволство, додека третата група (која имала секс еднаш-два пати месечно), била видливо несреќна.

“Нема научни објаснувања за тоа зошто сексот еднаш неделно е доволен за луѓето да се чувствуваат среќни. Постои веројатност тоа да се должи на идејата дека тие сепак се “нормална двојка”, бидејќи ги исполниле “минимумот” во спалната соба. Луѓето масовно веруваат дека е доволно да си разменат интимност со партнерот најмалку еднаш на седум дена“, тврди д-р Ејми Мјуз од Универзитетот во Торонто, која е автор на студијата.