Мистеријата на летот OU411 на “Croatia Airlines” | Каде исчезнаа 41 патник од корона-летот?

258

На летот Франкфурт – Загреб, организиран на 2 мај имало 115 патници, а не 74 како што се тврди, наведува „Јутарњи лист“ и прашува каде исчезнале 41 патник од летот.

На летот на „Кроација ерлајнс“, кој пристигна лво Загреб од Франкфурт на 2 мај, имало 14 лица кои биле позитивни за коронавирус.

Дури девет пациенти биле работници во фабриката „Ѓуро Чаковиќ Монтажа“ од Славонски Брод кои се враќале од Шведска, а со денови се тврдело дека има 74 лица на летот, но Јутарњи тврди дека дознал дека имало дури 115 лица на летот.

„Вкупно 115 лица беа на летот, од кои 10 ја напуштија Хрватска“, рече д-р Звјезана Ловриќ Макариќ, која како епидемиолог била задолжена за летот.

Директорот на хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, вели дека имало недоразбирање.

„Еден колега работел со група од 74 патници, а тоа е групата од која сите се заболени досега. Друг колега работел на група од 41 лице, од кои досега нема позитивни “, рече Цапак.

Хрватски Индекс.хр наведува дека испратиле прашање до Кроација Ерлајнс за бројот на патници.

Новинарите од тој портал дознале дека, меѓу заразените се и двајца пилоти од летот Франкфурт – Загреб на 2. мај, додека останатите членови од кабинската посада кои биле во директен контакт со патниците се негативни.

За првиот позитивен на коронавирус од летот се дозна на 5. мај. Беше тоа прв позитивен работник од фабриката „Ѓуро Ѓаковиќ“ кој се вратил од Шведска заедно со колегите. После него, позитивен наод добија уште шест негови колеги и двајца од Пожешко – славонската жупанија кои биле на летот.

Објавено е дека меѓу позитивните има уште четири лица, патници од подрачјето на Сисак (1), Задар (1) и Пула (2)