Хаотично танцување на Месечините околу Плутон | Видео

174
Hydra

Последните истражувања на податоци од телескопот Hubble покажуваат дека две од месечините на Плутон – Никта и Хидра, се нишаат во непредвидлив хаос.

“Hubble наслика нова слика на Плутон и месечините, откривајќи вселенски танц со хаотичен ритам” , вели Џон Грнсфелд, помошник директор на научниот директорат на NASA во Вашингтон. “Кога сондата New Horizons ќе прелета крај системот Плутон во јули, ќе имаме шанса да видиме како изгледаат овие месечини одблизу и лично”.

Месечините се нишаат, бидејќи се наоѓаат во гравитационото поле, кое постојано се менува. Промената се предизвикува од двојниот планетарен систем на Плутон и Харон, кои се вртат една против друга. Плутон и Харон се нарекуваат двојната планета, бидејќи имаат заеднички гравитациски центар, кој се наоѓа во просторот меѓу двете небесни тела. Овие променливи гравитациони полиња претвораат месечини во акробати. Ефектот се засилува од формата на сателитите, која е повеќе елиптична, а не тркалезна.

Научниците сметаат дека најверојатно другите две месечини на Плутон – Цербер и Стикс, исто така се во слична ситуација.Податоците на Hubble откриваат дека месечината Цербер е темна како јаглен, додека другите замрзнати месечини се светли како песок.

Немирите во системот на Плутон нудат поглед на однесувањето на небесните тела, кои кружат околу двојни планети. Се претпоставува дека месечините на Плутон се формирале при судир меѓу планетата-џуџе и тела со слична големина во минатото на Сончевиот систем.