По тринаесет години во официјален натпревар, а тоа не се случило уште од Шведска 2006 (бараж за СП 20117 – 26:27), Македонија го совлада Исланд во Рејкјавик со 33:34, со една драматична завршница.
Кога не се очекуваше, поради практично дводневната работа со новиот тренер Данило Брестовиц, како и со јануариското искуство од СП 2019 (Исланд нѐ остави без втор круг), постигнавме одличен резултат и со голот на Дејан Манасков во последните секунди од натпреварот дојдовме до два бода што ги врати нашите шанси во трката за првото место во групата.