“Кога телото е дехидрирано, мускулите немаат доволно сила, издржливост и баланс, кој ви е потребен за квалитетен тренинг” вели д-р Ангела Онсгард, експерт за исхрана во спа центарот Miraval Resort & Spa во Аризона.
Многу е важно што ставате во вашето тело пред спорт и не секоја течност е добро решение. Убаво е да пиете 500 мл вода два часа пред тренингот, 200 мл за време на загревање и уште 200 мл на секои 10-20 минути за време на физичката активност, во зависност од тоа колку се потите.
Фокусирајте се на водата, а не на други течности бидејќи тие може побрзо да го спречат правилното функционирање на мускулите за време на вежбањето и да ги минимализираат ефектите од него/
Во никој случај не посегнувајте пред спорт кон следниве пијалоци:
Млечни шејкови и други коктели кои содржат млеко
Зачувајте ги млечните пијалоци за после тренинг. Млекото содржи протеини, јаглехидрати и масти кои се варат потешко. Подобро растворете протеин во вода, бидејќи ќе се апсорбира полесно и побрзо од организмот.
Овошни сокови и пијалаци
“Повеќето од овие пијалоци се полни со шеќерен сируп, кој го забавува метаболизмот и води до дебелеење”, тврди Онсгард.
Ако сте жедни за нешто овошно, подобро зачинете малку вода со парчиња лимон или друг плод.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















