Поради својата болест поминала низ пеколот | Класната во дневникот напишала дека е психијатриски случај!

2165

Средношколка од Бања Лука ја сметале за одлична ученичка која сите ја сакале во одделението, но потоа се разболела од анксиозност. Наместо да ѝ даде поддршка, нејзината класна почнала да ја омаловажува и да прави сѐ она што дополнително ѝ го уништувало здравјето.

Дека многумина немаат разбирање кон луѓето кои забавено се развиваат или се болни или имаат ментална болест, докажува случајот кој неодамна се случил во Бања Лука, кога една средношколка, која страда од анксиозност, почнала да доживува непријатности од страна на одделенскиот раководител.

Всушност, во текот на минатата година и е дијагностицирана анксиозност, поради што првично одела речиси секој ден на психијатар, но нејзината состојба во меѓувреме се подобрила, па сега оди само еднаш неделно.

– Таа била првенец во основното училиште, а одлична е ученичка и во средното училиште. Никогаш не создавала проблеми и во класот е една од омилените. Меѓутоа, проблемите се појавија кога и е дијагностицирана анксиозност – раскажува Мирјана, постарата сестра.

На самиот почеток на болеста, девојката имала ненадејни напади и задушување, заради што добила лекови кои мора редовно да ги пие.

– Тогаш почнале проблемите. Секогаш кога би побарала од класната да ја пушти да излезе за да земе пилула, таа почнувала со префрлања. Прво барала да види кој лек е во прашање, а потоа почнала да ѝ кажува како тоа не ѝ треба и дека таа тоа не смее да го пие. Со оглед на тоа дека таа не дозволила да го напушти часот и да земе пилула, сестра ми добила напад, но класна рече дека таа само глуми – вели Мирјана.

Како нејзината вознемиреност била поизразена, следеле сѐ полоши коментари од класната, но, и потсмевање.

– Мојата сестра порано важеше за многу комуникативна и дружељубива личност, но како што нејзината болест напредувала, таа станала многу затворена, а уште полошо се чувствувала кога ќе слушне што некои нејзини професори мислат за неа и како ја коментираат – вели Мирјана и додаде:

– Таа на класната ѝ донесе мислење од психијатар со потпис, кој потврдува дека таа ја има болеста и ја замолил наставничката да ѝ посвети поголемо внимание. Сепак, тоа не ѝ беше доволно.

Врвот следеше кога, и покрај фактот дека сите професори знаеле за болеста на девојката и не барале специфични докази, нејзината класна побарала да донесе мислење од стручно лице кое ќе се наоѓа на почетокот на дневникот. Заради сопствениот мир, таа тоа и го направила.

-Потоа, за болеста на сестра ми дознале и оние кои не требало да знаат. Децата секојдневно го земале дневникот, па и тие, исто така, го виделе листот и почнале да ја провоцираат – вели вознемирената постара сестра, додавајќи дека таа и нејзините родители се обиделе да разговараат и со директорот и со психологот на училиштето, но не успеале да постигнат ништо.

Конечно, повеќе не знаеле како да се справат со проблемите кои влијаеле на девојката и дополнително ѝ го влошувале здравјето, па одлучиле да ја префрлат во друго средно училиште.

– Ова не е ниту мал дел од сето она што сестра ми доживеала, но ниту јас ниту мојата фамилија, никогаш не сакавме да излеземе во јавноста со веста покажувајќи со прст кон некого. Едноставно, нашата цел е да раскажам што ѝ се случило на мојата сестра, за да сите се запознаат со проблемите на денешницата, а особено да сфатат дека на оние кои имаат здравствени проблеми, пред сѐ им е потребна помош, а не потсмев – заклучи Мирјана на крајот.

(Telegraf.rs)