Иверка под кожата
Мал дел од дрвото, кој ќе се завлече под кожата тешко е да се отстрани надвор, но со помош на лук ставен на болното место и покриено со фластер иверката лесно ќе дојде до површината.
Губење на косата
Лукот е познат и по своето делотворно дејство врз обновување на коренот, па ако ја губите косата, неколку пати неделно истријте го со маслото од лук или со самиот лук и оставете да делува најмалку 10 минути.
Сируп за кашлица
Овој зеленчук делува како антибиотик па може да помогне и во борбата против кашлица. Ситно насецкани две чешниња лук ставете во децилитар топла вода, оставете да отстои неколку минути, а потоа пијте го како чај.
За нега на кожата
Алицинот, соединението во лукот помага да омекне кожата и ја прави мазна. Додадете малку смачкан лук во маска за лице, задржете ја неколку минути подолго од планираното и исплакнете со млака вода. Чист тен и свежиот изглед резултати се од оваа лесна постапка .


















