Има жени …

437

Има жени кои не паѓаат на комплименти, кои не веруваат во ласкави зборови…

Има жени кои не бараат интерес…

Има жени кои веруваат во факти…

Жени кои живеат на карпата на животот со светло во срцето…

Жени кои кога ќе се појават заблеснуваат се околу себе…

Жени кои сакаат само силна прегратка и цврст стисок на раката…

Жени чии усни секогаш имаат насмевка, а страста вибрира во сите нивни сетила…

Жени кои ве сакаат само вас, како ваши кралици…

Постојат жени кои веруваат дека ако имаме исти соништа, сите врати се отворени за нас…

Има жени кои биле повредени многу пати, но сепак имаат моќ да изберат. Жени кои веруваат во вредности …

Вредности кои никогаш не смеат да се изгубат, а тоа е достоинството. Постојат жени кои имаат еден страв …

Страв да не станат како многу други жени …

Постојат жени кои веруваат дека сите желби можат да бидат исполнети. Жени кои веруваат дека сите спомени се вткаени во нејзината кожа …

Има жени кои имаат надеж, презир кон реалноста и храброст да го променат сето тоа …

Жени кои веруваат дека животот е направен да сонуваме, дека е направен за љубов …

Жени кои веруваат дека и кога животот е суров кон нас, треба да му се насмевнеме …

Жени кои знаат дека некои приказни кои живеат во нас, засекогаш ќе носат болка, но живеат со нив …

Постојат жени кои живеат лесно и слободно со големиот товар на животот …

Жени кои кога е сив и мрачен денот ги покажуваат сите бои што ги имаат во себе…

Жени кои, кога се околу нас е неизвесно и полно со сомнеж, носат сигурност …

Жени кои се насмевнуваат на луѓето и секогаш се она што се …

Никогаш не ги кријат своите слабости, тие не се покажуваат поинакви отколку што се, не се плашат да бидат несовршени …

Затоа што знаат дека нејзините слабости и несовршености ја прават уникатна…

Жени кои знаат дека совршенството не постои …

Жени кои знаат дека само насмеаното лице е совршено!

Зоја

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.