Намалување на ризикот од дебелина
Дебелината ја имаат околу една третина од населението во САД и е една од главните причини за смртта. Овој ризик многу лесно може да се намали, треба само да се избегнуваат намирници богати со додадени шеќери, како што се засладените безалкохолни пијалоци и рафинираните и засладени житни култури. Освен потенок струк, намалената акумулација на калории носи многу помал ризик од болести поврзани со дебелината.
Намалување на ризикот од рак
За феноменот порано познат како Warburg-ов ефек, во кој клетките на ракот многу побрзо го разградуваат шеќерот од здравите клетки, долго се шпекулирало дали тој е само симптом на ракот или има влијание на растот на туморот. Деветгодишната студија, објавена во магазинот Nature Communications, покажала дека забрзананото разградување на шеќери во клетките на ракот, го стимулира растот на канцерогените тумори.


















