“Драги мои, мамете ги мажите, само бидете внимателни да не ве фатат” | Последното интервју на Жужи Јелинек

5382

Жужи никогаш не прежалила што се развеела од првиот сопруг, д-р Ерих Јелинек. Тие биле во брак 22 години и ги добиле своите две деца, синот Ивица (68) и ќерката Дијана (62).
 Тоа беше, тврди, вистинска љубов. Таа го сакаше и со радост по цел ден работела за да се здобијат со нешто.

– Додека бев во Јапонија, во кревет му се протнала нашата куќна домаќинка. Повеќе не сакав да се борам за него и поради тоа целиот мој живот плачам. Сум требала да бидам поупорна, затоа што ме молеше да му се вратам, но беше премногу доцна – искрена е Жужи која е против разводи.

Но не крие дека истата година, кога се развеле, се омажила од интерес и тоа за швајцарскиот адвокат, Frank Lyti. Третиот сопруг ѝ бил министер за рибарство Vlado Majdera, а четвртиот Milorad Ronkulin, поранешен судија. За него се омажи со 80 години. Сега, вели таа, двајцата ја доживуваат прилично убавата старост.

Синот Ивица и ќерката Дијана

– Имав многу мажи кога бев слободна, но никогаш не сум ги изневерувала своите сопрзи. Има тука работа, бидејќи тогаш треба да се организира животот и со сопругот и со љубовникот. Сега чувствувам жал заради секој маж што сум го одбила. Затоа, им советувам на жените да си го дозволат секој фраер кој ќе го посакаат. Подоцна би можеле да жалите за пропуштените можности – решително зборува Жужи.

Таа додава дека парите, како и сексот, секогаш и биле важни во животот, бидејќи израснала со глувонеми родители во сиромаштија.

– Сѐ постигнав со своите раце. Јас сум обична шивачка. Мојата најдобра пријателка е иглата, а мажите се конец кој го провлекувам низ неа – се смее Жужи повторувајќи ја омилената фраза. На жените затоа им препорачува да бидат паметни и најпрво да мислат на себе, а потоа на сопругот и децата.

– Вие треба да знаете дека постојат два вида на мажи и добро расудете со каков имате работа. Само така ќе знаете како да го задржите. Но мора да имате на ум дека некои мажи не се за задржување – нагласува Жужи.

Продолжува на страна 3