Вода
Водата го забрзува преминот на храната низ дигестивниот систем. Треба да се пијат осум чаши вода, на собна температура.
Сувите сливи содржат многу важни хранливи материи, вклучувајќи калиум, магнезиум и бор и имаат висока антиоксидансна активност и затоа се смета дека имаат такво благотворно влијание врз здравјето на луѓето. Ова овошје е во фокусот на научните истражувања, заради своите уникатни содржини на фитокомпонентите, особено неоклогенската и хлорогенската киселина. Овие супстанции, со потекло од слива, се класифицираат како феноли, а нивните антиоксидантни својства се добро документирани.
На полиците на аптеките се наоѓаат многу производи кои помагаат кај тврдата столица или констипацијата. Сепак, додавање на пет суви сливи во дневната исхрана може да има ефект или поефективен процес од поширокиот спектар на лекови. Сливите содржат три состојки кои придонесуваат за правилното варење. За почеток, сувите сливи содржат висок процент на нерастворливи растителни влакна, кои се веројатно “клучот” за спречување на запек. Нерастворливите влакна не можат да се распаднат во нашиот дигестивен систем и овие долги молекули остануваат во гастроинтестиналниот тракт, каде што ја апсорбираат водата и го прават изметот пообемен, и го олеснуваат поминувањето низ цревото. Понатаму, сливите содржат сорбитол, природен шеќер кој, исто така, има способност на апсорпција на вода и на тој начин помага во ублажувањето на запекот. Третата важна состојка на сувите сливи е дихидроксифенил исатин, супстанца која ја стимулира контракцијата на цревата, а овој процес е од суштинско значење за редовното празнење на дебелото црево.
Квиноја
Од нутриционистичката гледна точка, може да се смета за супер жито – иако таа не е жито. Quinoa со амарантот се става во псеудожитарици, бидејќи нивните семиња не припаѓаат на групата на жито, нивното семе личи на жито и се користат на сличен начини како житариците.
Научниците се добро запознаени со ефект од овие намирници за регулирање на варењето на храната. Всушност quinoa е добар извор на нерастворливи влакна, молекули кои го стимулираат варењето на храната. Овој вид на влакна од дигестивниот систем излегуваат речиси непроменети. Имаат способност на апсорбција на вода, а им се припишува лаксативно дејство, бидејќи го спречуваат запекот (констипација) и обезбедуваат редовно празнење на дебелото црево. Quinoa е многу благодарна намирница поради својата интересна малку крцкава текстура и неутрален вкус што оди и во слатки и солени варијанти јадења.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















