Постојат многу причини зошто авокадото треба да биде застапено барем еднаш неделно на Вашата трпеза.
Авокадото содржи здрави маснотии.
Авокадото содржи висока концентрација на маснотии од кои повеќето ја содржат олеинската киселина во својот состав. Многу луѓе се изненадуваат кога ќе слушнат дека авокадото и покрај големото количество на масти тоа не здебелува затоа што во себе содржи и белковини и втимани Ц и Б6. Мастите кои што ги содржи авокадото се поврзуваат со намалувањето на воспаленијата и имаат позитивни ефекти врз гените кои се поврзани со ракот.
Авокадо – супер намирница за видот.
Авокадото содржи значајни антиоксиданти кои се важни за здравјето на очите. Тие го намалуваат ризикот од катаракта и од макуларна дегенерација.
Авокадото во борба против абдоминалните масти.
Студиите покажуваат дека луѓето кои почесто консумираат авокадо имаат помалку абдоминални масти, кои го зголемуваат ризикот да заболите од срцеви болести, дијабетес, висок крвен притисок, срцев удар, проблеми со спиењето, некои видови на рак и други болести.
Авокадото го намалува ризикот од метаболички синдром.
Метаболичкиот синдром се однесува на присутноста на барем 3 од факторите за ризик како што се претерана присутност на масно ткиво околу абдоменот, зголемена концентрација на триглицериди во крвта, намалена концентрација на таканаречениот добар холестерол (HDL) во крвта, зголемениот крвен притисок и зголемено ниво на шеќер во крвта. Научниците успеаја да ја најдат поврзаноста помеѓу консумацијата на авокадото и метаболичкиот синдром, утврдувајќи дека авокадото го намалува ризикот од метаболичкиот синдром.
Авокадото – сојузник во борбата против срцевите болести.
Студијата објавена во Journal of the American Heart Association вели дека луѓето кои консумираат по 1 авокадо дневно имаат ниско ниво на лош (LDL) холестерол, за разлика од оние кои имаат сличен режим на исхрана, но не консумираат авокадо. Освен што го намалува лошиот холестерол, авокадото го намалува целокупниот холестерол и триглицеридите во крвта.



















