Osho Победете се себе си и станете среќен човек со овие десет совети

838

Дали е важно кој е посилен, кој е попаметен, кој е поубав, кој е побогат? Затоа што, на крајот на краиштата, важно е само, дали си среќен човек или не.

Десет совети на Ошо избрани од неговите книги

1. Луѓето прифаќаат сѐ толку сериозно, што тоа станува товар за нив.

Учете повеќе да се смеете. За мене, смеењето е свето, како и молитвата.

2. Секое дејствување веднаш доведува до резултати.

Само бидете будни и набљудувајте. Зрел човек е оној кој се набљудувал себе си и пронашол што е за него исправно, а што не е; што е добро, а што е лошо.

Благодарение на тоа, што самиот тоа го открил, има голема самодоверба, дури и ако целиот свет зборува нешто друго, кај него ништо не се променило. Тој има свое искуство, на кое може да се потпре, и тоа му е доволно.

3. Сите ние сме единствени.

Никогаш и никого не прашувајте што е исправно, а што не е исправно. Животот е експеримент, во чиј од треба да се дознае што е исправно, а што не е. Понекогаш, можеби постапувате неправилно, но и тоа ќе донесе релевантно искуство, од кое ќе имате корист.

4. Постојат моменти кога Бог доаѓа и тропа на вашата врата.

Тоа е љубов – Бог, кој чука на вашата врата. Преку жената, преку мажот, преку детето, преку љубовта, преку цветот, преку зајдисонцето или изгрејсонце … Бог може да затропа на милиони различни начини.

5. Желбата да се биде невообичан – е многу обична желба.

Релаксирајте се и бидете нормални – всушност необични.

6. Животот – е мистерија.

Невозможно е да се предвиди. Постојат многу луѓе кои сакаат да живеат предвидлив живот, затоа што тогаш не би имало страв. Сѐ би било определено, не треба да се има сомнеж во ништо.

Продолжува на страна 2