Грег Смит е основач на фитнес компанијата Hybrid Athletes; професионална фитнес тренинг организација. Како што често се случува на деловните средби, во костум, редовно го запираат бездомници и бараат пари.
Но, не ѝ Amy Joe. Таа едноставно му се насмевнала и му посакала добро утро. Greg останал потполно затечен, застанал и поразговарал. Од тогаш, Greg секој вторник е на ручек со неа. Но, нивната приказна (т.е. постот во кој Greg ја опишува нивната средба) станала вирална поради нешто сосема друго.
Запознајте се со Amy Joe
Последните седмици секој вторник Amy Joe и јас јадеме во центарот на Орландо. Недела дена, секој ден ја гледав како стои на аголот и никогаш не барала пари. Едноставно би кажала: “Добро утро, и, се надевам, дека ќе ви биде добар денот”, и ќе се насмевнеше.
Бидејќи работам во центар и постојано сум во одело, честопати ме прашуваат за пари, но Amy никогаш. Сега, секој вторник Amy и јас ручаме. Некои половина час седам, слушам и се восхитувам колку оваа жена е позитивна, иако во суштина нема ништо. Минатата недела целосно ме шокира … не знае да чита. Amy Joe не пуши, не пие, не зема дрога ниту било што слично.
Едноставно никогаш немала некој кој би ја научил да чита. Таа ми кажа дека е неверојатно тешко да се најде работа. Спомна дека сите пари кои ги собира ги троши во библиотеката за да позајми книги преку кои учи да чита. Троши на книги наместо да купува храна!
Тоа ме скрши. Таа повеќе би сакала да учи да чита отколку да јаде!
Која е вашата Ејми Џо?
Бев благословен со двајца прекрасни родители и семејство кои секогаш можеа сè да ми обезбедат, сè што ќе посакав. Ејми Џо не. Сега, не само што ручаме, туку и ја учам да чита. Позајмувам книга на една недела и ја читаме заедно, а остатокот од неделата таа самата вежба.
Ова не не го пишувам некој да ја зажали Amy Joe или да се фалам дека правам нешто добро. Ова го споделувам за да ги поттикнам другите да помогнат на некој. Многу луѓе се како Amy Joe. Не се сите гладни, бездомници или повредени. Некои можеби се членови на вашето семејство.
Помогањето може да биде крајно едноставно – понекогаш е доволно да поздравите некој и да му се насмевнете. Имав доволно среќа во животот со парите и сега можам да ѝ помогнам на Amy Joe и тоа е она што ќе го направам. Но, која е вашата Amy Joe? Никогаш не знаеш што можеш да направиш додека не пробаш да му помогнеш на некој”.
Конечно, Greg основал фондација за да ѝ помогне на Amy, но и на сите други.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















