Безглутенската диета е една од најновите и најмодерни диети во потрагата по здрав начин на живот.
За оние кои страдаат од целијачност, безглутенскиот режим не подлежи на коментар. Но, сепак, додека се намалува бројот на оние кои страдаат од ова автоимуно заболување, расте бројот на производите без глутен на пазарот. За 2 години индустријата во оваа сфера се зголемила со 136%.
Експертите предупредуваат дека перцепцијата дека диетата без глутен е погодна за секој, е неправилна. Нема докажани придобивки од избегнувањето на пченичен протеин кај луѓе без алергија од него.
Нешто повеќе – безглутенската исхрана доведува до зголемување на мастите и калориите, придонесува за прехранбени дефицити и всушност до болеста целијачност.
Малку се знае и за мотивите на здравите луѓе да не внесуваат глутен. Во една студија направена минатата година, “нема причина” е најчестото објаснување на 1500 Американци да не прифатат глутен.