Познатиот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ почина на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.
Миха остави длабока трага во светот на фудбалот, особено во Италија, каде што го помина најголемиот дел од својата играчка и тренерска кариера.
Меѓу другото, тој изгради големо пријателство со Златан Ибрахимовиќ, кој во многу наврати зборуваше суперлативи за него.
– Мислам дека Синиша е голем човек. Среќен сум што го познавам лично. На почетокот не се сакавме, но штом дојдов во Интер веднаш се засакавме. Честопати велев: „Да требаше да одам во војна, Синиша ќе беше во првиот, а јас во вториот ред“, рече Ибрахимовиќ.
Михајловиќ имаше слично мислење и кога е во прашање Ибрахимовиќ.
– Сакав да го ’убијам’ кога игравме против Јувентус. Мислев најлошо за него. За среќа, ништо лошо не се случи, а кога дојде во Интер сфатив колку добро момче е. Горд сум што го имам за пријател – изјави Михајловиќ.
Ибрахимовиќ изјави и дека Михајловиќ бил посилен од него за време на борбата против леукемијата:
– Му реков: „Кажи ми што ти треба, било што, ќе го сторам тоа – истакна Ибра во периодот кога поранешниот играч на Црвена звезда се бореше со страшната болест, која за жал на крајот ја загуби.
Учество на фестивалот во Санремо
Синиша Михајловиќ и Златан Ибрахимовиќ минатата година беа дел од познатиот музички фестивал во Санремо.
Италија гледала и уживала во настапот на Синиша Михајловиќ и неговиот стар пријател Златан Ибрахимовиќ на познатиот музички фестивал Санремо, но тоа не беше единственото нешто што го одбележа овој спектакл – имаше простор и за тажната приказна на овој тандем, но со среќен крај.
Двајцата поранешни соиграчи пееја на сцената, се префрлаа со изјави, но имаа и сериозни теми како борбата на Михајловиќ со леукемијата.
– Никогаш не мислев дека ќе ми се случи такво нешто, а потоа во еден момент ми се промени целиот живот. Бев многу тажен два-три дена, а потоа станав и ја исфрлив целата негативна енергија и почнав да размислувам позитивно – изјави тогаш Михајловиќ.
Потоа на таа тема зборуваше Златан.
– Кога ја слушнав веста немав сила да му се јавам. Поминаа неколку дена, му се јавив и не можев да разговарам. На крајот ме увери дека се ќе биде во ред. Беше тоа посебно искуство, бидејќи тоа обично јас го правам за другите – истакна Ибрахимовиќ.
Синиша Михајловиќ е роден на 20 февруари 1969 година во Вуковар. Уште од мали нозе знаел дека фудбалот е негов животен повик и бил еден од најдобрите во оваа професија.
Играчката кариера ја започнал во Борово, а во 1988 година пристигнал во Војводина, за да две години подоцна премине во Црвена звезда со која ги испиша страниците од богатата историја на српскиот клуб! По феноменалните игри на „Маракана“ во 1992 година се сели во Рома, па во Сампдорија од каде по четири години се оди во Лацио! Небесно синиот дрес го носел до 2004 година, кога се преминал во Интер и ја заокружува величествената кариера!
Како тренер ги водедл екипите на Болоња, Катанија, Фиорентина, репрезентацијата на Србија, Сампдорија, Милан, Торино, потпишал и за Спортинг, а последен клуб со кој раководел е Болоња.
Poslednji pozdrav Mihi i sa Mundijala u Kataru… pic.twitter.com/2QOCca2Awh
— Sportske.net (@sportske) December 16, 2022