Пилешко со пиперки

1838

Потребно

  • 3 парчиња батаци со карабатаци
  • 1 главица кромид
  • неколку чешниња лук
  • цимет прстофат
  • половина лажица зачин кари
  • 1 мала лажичка мелена блага црвена пиперка
  • 1 помал лимон
  • 100 г зелени маслинки
  • 300 мл пилешка супа
  • 1 лажица мед
  • сол, бибер според вкус

Подготовка

Отстранете ја кожичката од батаците, па преполовете ги на батак и карабатак. Загрејте го маслото и пржете ги батаците 5 минути од едната и 5 минути од другата страна. Извадете ги, па во истото масло пржете ги кромидот и лукот, ситно исечкани.

Додајте ги зачините, лимонот исечен на кругови и налејте со пилешка супа. Батаците вратете ги во лонецот, намалете го оганот и динстајте околу половина час. На крајот, додајте 1 лажица брашно разматено со малку вода и сечканите маслинки на кругови, медот, циметот, карито, мелената црвена пиперка. Служете со прилог по желба (ориз, тестенини, кус кус).