ПРОБЛЕМИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ДОЖИВОТНИ ?! Ковидот може да го стимулира производството на лоши антитела – што има разурнувачки ефект

1916

Ако добиете тешка форма на болеста Ковид-19, може да завршите со проблеми до крајот на животот, бидејќи вирусот може да предизвика автоимуна реакција.

Тешка форма на ковид-19 може да го измами имунолошкиот систем и да го поттикне да произведе антитела кои имаат потенцијал да нападнат здраво ткиво и да предизвикаат воспалителни болести, предупредија научниците во трудот објавен во списанието Nature Communications.

Откриле автоантитела во примероци од крв на приближно 50% од 147 хоспитализирани пациенти со Ковид-19, што ги проучувале, но кај помалку од 15% од 41 здрав волонтер.

Антитела на сопственото ткиво

Од 48% со Ковид-19, истражувачите земале примероци од крв во текот на неколку дена, вклучително и денот на приемот во болница, што им овозможило да го следат развојот на автоантитела.

„Во рок од една недела … околу 20% од тие пациенти развиле нови антитела на сопственото ткиво што ги немало на денот кога биле примени“, вели водачот на студијата д-р Paul Utz од Универзитетот Stanford. Тој ги повика луѓето да се вакцинираат.

Потенцијално доживотни проблеми

„Не можете однапред да знаете дека ќе имате блага форма на ковид-19“, рече тој. „Ако пак добиете тешка форма, може да завршите со проблеми до крајот на животот, бидејќи вирусот може да предизвика автоимуна реакција“, рече тој.

„Не сме проучувале доволно долго ниту еден пациент за да знаеме дали тие автоантитела сѐ уште се присутни една или две години подоцна“, додаде, истакнувајќи дека развојот на автоимуни заболувања е можен.