Храна за дополнителна енергија

1464

Човечкото тело има потреба од енергија, особено ако имате повеќе физичка активност или едноставно сте фан на тренинзите.

Неслучајно мажите и жени кои спортуваат почитуваат специјални диети , со кои го подобруваат не само својот изглед, но и го хранат своето тело со потребното количество енергија.

Една од најважните работи е не само што конзумирате и кога точно го конзумирате, туку и зошто го консумирате. За среќа, специјалисти во областа на фитнесот и спортот ги даваат своите совети за енергетска храна , од која има потреба вашето тело.

За повеќе сила

  • Каша – таа ви е потребна за да бидете доволно енергични за време на тренингот.Со нејзината потрошувачка ќе бидете сигурни дека ќе успеете да ја завршите серијата од стомачни вежби, на пример.
  • Суво грозје – мал грст од нив ќе ви помогне да му дадете енергичен поттик на своето тело во секое време од денот.
  • Банани – тие се исто толку ефективни како спортските пијалоци и ги одржуваат електролитите избалансирани.

За борба против болката

  • Ѓумбир – тој го спречува нерасположението и ја намалува мускулната болка со околу 20%.
  • Цреши – тие се борат со слободните радикали и на тој начин може да ви помогнат да се опорави побрзо.
  • Куркума – овој зачин всушност дејствува како аналгетик и помага при болки во зглобовите.

За изградба на мускулна маса

  • Јајца – тие се богат извор на аминокиселината спорт, која помага за побрзо закрепнување на мускулите.
  • Суров протеин – тој е како “градежен материјал” за стегнати стомачни мускули.
  • Лосос и туна – протеините во нив ги прават вашите мускули посилни.

За забрзување на метаболизмот

  • Фстак – со овие ореви лесно и здраво може да се задоволи гладта по посетата во салата.
  • Цвекло – тоа ќе ви помогне да ги правите вежбите со помалку напор.
  • Соја – тие се богати со растителни влакна, па ќе ве држат сити подолго време.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.