Лондонскиот кварт Soho, познат како место за ноќни излегувања и забави, тестира нов метод за да ги одврати мажите од уринираат на улица: ѕидовите се обоени со препознатлива боја “anti-pipi” која го открива сторителот.
Властите на областа, позната по бројните ресторани, барови и театри, но во која живеат и околу 3.000 жители, ги обоиле ѕидовите со оваа боја на десетина стратешки места.
Бојата создава проѕирен водоотпорен слој кој ја открива урината, а со тоа веднаш и насилникот.
Вршење на мала нужда
Ова е многу делотворно, дава доказ, изјави претставничката на месната заедница на тој округ Aicha Less покажувајќи го ефектот штом го испрскала ѕидот со шише вода.
Градскиот совет на Westminster, кој ја опфаќа областа Soho, го започнал проектот откако добил бројни поплаки од жителите и вработените кои работат во Soho.
Секако дека урината не е пријатна и нашите жители се лутат, објаснува Less. Излегувајќи од своите домови наутро тие ја мирисаат урината, рече таа, нагласувајќи дека жителите имаат право да живеат во чиста и безбедна средина.
Локалните власти всушност го копирале моделот од други земји, вклучувајќи ја и Германија.
На ѕидовите покриени со боја е испишана соодветната порака „Овој ѕид не е писоар“.
Градскиот совет на Westminster секоја година троши околу 1 милион фунти (1,15 милиони евра) за чистење на улиците, вклучително и од урина, и се надева дека малку ќе ги намали трошоците со специјалната боја.
Soho е всушност многу мал кварт во центарот на британската престолнина со повеќе од 400 барови кои имаат дозвола за продажба на алкохол, па навечер има илјадници луѓе кои пијат на улиците, а тоалетите се затворени.
Затоа во таа населба за викенди се поставуваат монтажни тоалети.



















