Поради пушењето, од 6 до 8 милиони луѓе годишно ќе умираат до 2030 г.

798

Трошоците на глобалната економија поврзани со пушењето, ќе надминат 1 трилион долари.

Трошоците на глобалната економија, поврзани со пушењето, ќе надминат еден трилион долари годишно, а од цигарите животот ќе го загубат 30 отсто повеќе луѓе до 2030 година во споредба со досега, покажуваат резултатите од денеска објавеното истражување на Светската здравствена организација и американскиот Национален институт за борба против ракот.

Трошоците далеку ги надминуваат глобалните приходи од даноците за цигари, кои се проценети од СЗО на околу 269 милијарди долари во периодот 2013-2014 година.

– Бројот на смртни случаи, предизвикани од пушењето, се очекува да се зголеми од околу шест милиони годишно на околу осум милиони до 2030 година. Над 80 проценти од нив веројатно ќе бидат од земјите со ниски и средни доходи, се наведува во истражувањето.

Околу 80 отсто од пушачите живеат во земјите, каде вкупниот број на пушачи во светот се зголемува. Според здравствени експерти, пушењето е причина за најголем број смртни случаи во светот, кои би можеле да се спречат.

Истражувањето, во кое учествувале околу 70 научници, покажува дека „пушењето предизвикува околу еден билион долари трошоци годишно за здравје и загуби од намалено производство“.

Меѓу евтините и ефикасни начини за намалување на пушењето се зголемување на цените и акцизите на цигарите, целосна политика на ограничување на пушењето, целосна забрана на рекламите за тутунските производи и предупредувања за опасност на кутиите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.