Вашата мајка никогаш не ви ги кажала овие работи

321

Од моментот кога ќе дознаете дека очекувате дете животот почнува да ви се менува.

Промената станува се поочигледна со раѓањето на детето, кое ќе ве однесе низ најнапорното, но и најубавото патувања во животот – родителството.

А уживајќи во улогата на родител ќе сфатите што се претрпувала вашата мајка, па најпосле и сами ќе искусите некои работи кои таа, најверојатно никогаш не ви ги кажала.

  1. Сте ја расплакале многу пати

Плачела кога открила дека е бремена со вас. Плачела додека се породувала со вас. Плачела прв пат кога ве зела во прегратките. Плачела од среќа, страв, грижа, затоа што толку многу ве сака. Таа постојано била со вас преживувајќи ја секоја ваша среќа и тага, без разлика дали вие сте биле свесни или не за тоа.

  1. Таа го сакала тоа последно парче од торатата

Но, кога видела како вие го гледате (иако ви било трето парче, а таа воопшто не ја ни пробала тортата), не можела да го земе. Знаела дека ќе биде многу посреќна ако вашето стомаче биде полно, а не нејзиното.

  1. Ја болело 

Кога сте ја влечеле за косата, кога сте ја гребеле со ноктињата, кои не сте сакале да ви ги сече, кога сте ја гризеле додека ве доела, кога сте ја клоцале во ребрата додека уште сте биле во нејзиниот стомак, кога сте го натерале нејзиното тело да се грчи во агонија додека ве раѓала… секогаш болело.

  1. Секогаш се плашела

Од моментот кога сте зачнати, правела се што е во нејзина моќ за да ве заштити. Таа никогаш не сакала да ве држи некој друг (иако попуштала), случајно за да не ве испушти, а срцето и застанувало кога сте ги правеле првите чекори. Кога сте почнале да излегувате, останувала будна да ве чека (дури иако се правела дека спие), станувала рано да ве буди за во училиште. За секоја гребнатинка на коленото била покрај вас и била подготвена секогаш да ве спаси од секој лош сон.

  1. Таа знаела дека не е совршена

Таа е сопствениот најголем критичар. Многу добро ги познава своите мани и понекогаш се мрази себе си поради нив. А најстрога кон себе е кога сте во прашање вие. Сакала да биде совршена мајка, да не направи ништо погрешно, но бидејќи е само човек, грешела. И најверојатно се уште се обидува себе си да си прости за тие грешки. Би сакала да може да се врати во минатото и да исправи некои работи, но не можела, затоа бидете благи кон неа. Го правела најдоброто што во тој момент го знаела.

Продолжува на страна 2