Сите кои веруваат во хороскоп сигурно некогаш се прашале дали тоа може да помогне во откривање на идеален партнер. Во однос на месецот во кој сте родени може да откриете каков маж ви е потребен
Јануари
Мажот за вас кога-тогаш ќе се појави, а ќе го препознаете по силните амбиции и љубовта кон работата. Затоа што и вие сте такви. Си ги знаете соништата и сигурно чекорите кон нивно остварување. Затоа ви треба некој што ќе може да трча со вас и да ви биде поддршка.
Февруари
Со оглед на тоа дека сте непредвидливи и полни живот, потребен ви е трпелив, но истовремено и љубопитен маж. Некој кој ќе ве сака и кога сте во расположение да тргнете на непознат пат и кога сте тивки, замислени и ранливи.
Март
Заслужувате некој што ќе ве третира како што заслужувате. Со оглед на тоа дека сте некој што сочувствува со другите, дека сте искрени и паметни таков мора да биде и вашиот совржен маж. Бидете трпеливи и ќе дојде оној кој ќе ве стави на прво место, кој ќе ги обожува вашите особини и нема да му падне на памет да ве искористи.
Април
почекајте да се појави оној ќој че се заљуби во вашата едноставност. Од неа многумина побегнале и моногумина се плашеле што не сакате да ги криете емоциите, но окој кој е вистински за вас ќе биде доволно самоуверен да остане.
Мај
Ви треба некој кој може да го следи вашето темпо. Како исклучителна личност со фокус, мотив и страст, не ви треба некој што ќе каска зад вас. Сосема е во ред ако секој од вас води посебен живот, но во исто време сте тука еден за друг.
Јуни
Ви треба некој на кого нема да му биде проблем емотивно потполно да се отвори и кој нема да се плаши од својата ранливост. Секако тоа подразбира да не му бидете некому рамо за плачење или да поправате она што другите во животот му го распале. Вам ви е потребен некој што ќе ве сака како вие него.
Продолжува на страна 2



















